157
120 shares, 157 points

Единствената тјунерска работилница што е регистрирана како производител на автомобили го испорача својот петилјадити автомобил на јапонскиот пазар. Бројката не би требало да е изненадување ако се има на ум дека BMW Alpina е присутна во островската држава уште од 1979 година. Јапонија е втор најголем пазар за култната марка по САД.

Пет илјади автомобили на BMW Alpina досега се продадени на пазарот во Јапонија. Сопственик на јубилејниот примерок е извесен Јошиаки Мацуока, долгогодишен клиент на германската марка, а неговиот автомобил е BMW Alpina B7 Bi-Turbo, базиран врз неодамна претставениот знаменосец на BMW.

Во автомобилот на Мацуока е поставена плакета што укажува на посебноста на овој B7. Моќноста на 4,4-литарскиот V8 во режија на BMW Alpina изнесува 608 КС, додека вртежниот момент достигнува 800 њутнметри. Крајната брзина изнесува 330 километри на час, спринтот до сто трае 3,7 секунди. Почетната цена на B7 Bi-Turbo изнесува 148.800 евра.

bmw alpina b7 japonija 2

Првиот автомобил на BMW Alpina е увезен во Јапонија во 1979 година. Побарувачката за тјунираните автомобили на германската марка растеше постојано во минатите децении. До 2009 година во Јапонија беа испорачани вкупно 3.000 примероци од BMW Alpina, за само пет години подоцна бројката да достигне 4.000 возила.

bmw alpina b7 japonija 1

Денес Јапонија е втор најголем пазар за BMW Alpina по САД. Годинава ќе се произведат околу 1.600 автомобили од оваа марка.


,

Like it? Share with your friends!

157
120 shares, 157 points
djakonov

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730