177
167 shares, 177 points

BMW ја спасува разновидноста на каросериските форми. Исто како што безброј активисти низ светот се борат за зачувување на загрозените животински видови, така и BMW со претставувањето на првиот член од новата серија 8 ја обезбедува иднината на скапите и брзи купеа, во време кога сите сакаат да продаваат СУВ-ови

Големите, а посебно скапите марки, имаат разработено стратегии коишто се смислуваат и спроведуваат поефикасно отколку што знаат и умеат повеќето влади низ светов. BMW, на пример, своето купе од новата серија 8 го претставува токму на Леман, на најпознатата од сите трки во светот, за којашто е снимен филм долго пред тоа да се направи за која било дисциплина во мотоспортот.

BMW 8 Coupe 1
Ова се формите што го освојуваат вниманието, ова се автомобилските „DD“

Овој имиџ ќе го следи купето од серијата 8 на BMW во секој негов чекор. BMW осумка-купе е Леман меѓу автомобилите, тој не се трка само да биде најбрз, туку да биде најдобар. Многу автомобили биле брзи тука, но откажале предвреме. Ова гран-туризмо ги претвора и своите возачи во херои, во победници. Толку со еуфорија, што навистина е купето од серијата 8?

Бурната политичка сцена не му дозволи на првиот 850i да го освои светот, затоа сега има нов M850i xDrive

Тој е наследник на „истобројчената“ серија од 1990-те години, на BMW 850i, оној со дванаесетцилиндарец под хаубата и преклопливи светла над хаубата, на когошто светската рецезија и втората заливска војна не му дозволија да го изживее векот под полна гас. Затоа, пак, условите за оваа серија 8 се погодени.

BMW 8 Coupe 3

Тој што ги знае мирисот на добро извозен BMW и звуците кога механиката се лади, нема да троши многу зборови и да објаснува колку му е убав овој автомобил. Сето тоа оди во куса форма: Осумката-купе изгледа максимално бе-ем-ве, никој не смее да изгледа повеќе бе-ем-ве од него.

Според реториката од Минхен, наскоро ќе следи и M8

Во налогот за инженерите стоеше: Каросеријата, погонската спрега и поодвозјето да се конструираат за максимална агилност, прецизност и сувереност на спортски автомобил од благородна раса. Врвот во гамата му припаѓа на BMW M850i xDrive Coupe, со нов V8 со 530 КС. Продажбата стартува во ноември, заедно со BMW 840d xDrive Coupe. Да, извесно е дека наскоро ќе има и чиста верзија од M GmbH, со ознака M8.

BMW 8 Coupe 6

Формите на ова BMW изведуваат цела драмска претстава по каросеријата со димензии 4.843 х 1.902 х 1.341 милиметри и со меѓуоскино растојание од 2.822 милиметри. Диодните светла досега не биле потесни кај модел на BMW. Со доплата се нудат ласерски светла.

Подот е речиси целосно обложен, не отсуствуваат и подвижните ламели во „бубрезите“ напред или иновативните системи, кои се водат како Air Curtains и Air Breather. Дури и држачите на ретровизорите се изведени минималистички. Во стил на традиционалните тркачки автомобили, покривот е вовлечен во средината, за да формира таканаречен „двоен меур“. Истото важи и кога ќе се доплати за покрив од карбон, кој доаѓа во пакет заедно со капина ретровизори, заден спојлер и дифузор од истиот материјал.

Активисти постојано алармираат дека исчезнувањето на една животинска врста може да предизвика ланчена реакција и компллетно нарушување на балансот на живиот свет. Зошто никој досега не се побуни дека погазувањето на најемотивните и најсуптилни автомобилски форми, кои се својствени за убавата европска традиција во автомобилизмот, ќе го уништи култот на четири тркала преку масовното сервирање на купишта СУВ-модели секаде и за сешто? Ете го херојот, купе на BMW од серијата 8

Секако дека седиштата се конструирани специјално за „8“. Кожата следува како стандард и ја има уште во вратите и врз арматурната табла. Назад има уште еден чифт седишта. Соборувањето на клупата е стандард, исто како и зафатнината од багажникот од 420 литри.

Кој смее да погледне во ценовникот за дополнителна опрема, таму ќе најде клуч со дисплеј, климатизација на седиштата, врвно озвучување од Bowers & Wilkins или стаклен финиш за некои главни команди.

Со 530 КС, осумцилиндарецот во BMW M850i посрамотува многу снагатори во гран-туризмо класата

Осумцилиндарецот од 4,4 литри има премиера во M850i. Битурбо моторот се одликува со рамномерно ослободување на моќноста и со звук што може да се пушти на максимум, кога тоа е пристојно. Блокот на моторот е преработен во споредба со постоечкиот V8, турбополначите се сместени меѓу двата реда цилиндри. Оптимизација има и во директното впрскување гориво, топлинската изолација, палењето и контролната електрониката. Како и сите бензинци со директно впрскување, V8 поседува филтер за честички.

BMW 8 Coupe 8

Со 530 КС меѓу 5.500 и 6.000 вртежи, новиот мотор има за 68 КС повеќе од претходникот. Вртежниот момент од 750 Nm се послужува меѓу 1.800 и 4.600 вртежи. Спринтот до темпо сто трае 3,7 секунди. Втората погонска опција е трилитарски дизел со 320 КС и 680 њутнметри. Моторот со степенесто турбонатполнење спринтува за 4,9 секунди. Преносот е преку омтимиран осумстепен автоматик.

Погонот на сите тркала испорачува повеќе њутнметри до задната оска, а во M850i дополнително работи и блокада на задниот диференцијал, односно електромотори коишто ја симулираат традиционалната механичка блокада. Тоа треба да обезбеди бурно катапултирање на купето веднаш на излез од свијок.

Во подвозјето се е тип-топ: Оптимирана тежина, ниско тежиште, рамномерна распределба на тежината меѓу оските, оптимално меѓуопскино растојание, голема ширина на трага, круга каросерија. По желба може да се избере и различна димензија на бандажите и гумите на двете оски.

Управување на сите тркала и активно подвозје како стандард во купе-осумката

Подвозјето стандардно располага со електронски регулирани амортизери. Тоа важи и за интегралното активно управување, или кусо, управување на сите тркала. Опција за M850i е систем за спречување на наведнувањето на каросеријата во свијоци и при нгла промена во забрзувањето. За потсетување, ова е BMW, системот тука е повеќе наменет да ја зголеми динамиката во свијоци, отколку да понуди комфорно возење. Последново, сепак, не се запоставило. Напротив, купето од серијата 8 е гран-туризмо од ковот на Aston Martin или Maserati.

BMW 8 Coupe 11

Зад бандажите од 20 инчи во изведба на M GmbH се наоѓаат исто така импресивно димензионирани сопирачки. Во неколку детали, M850i се разликува од „обичниот“ 840d. Меѓу стоте системи за асистенција се извојува системот за ноќно гледање или предупредувањето за возило што доаѓа попречно кога се излегува во рикверц.

Цената за M850i за германскиот пазар изнесува 125.700 евра, додека „840“ чини точно 100.000 евра. Покрај купето, наскоро пристигаат кабриолет и оригиналниот GT, како купе-лимузина со четири врати. Спортскиот хибрид останува како заштитена сорта на врвот, со цена од 138.000 евра.

Од домашната конкуренција, „алернативниот“ Porsche 911 Carrera 4 GTS PDK чини 137.279 евра во Германија, додека крстосувачкиот Mercedes S 560 4Matic доаѓа до 131.751 евра. Тоа значи уште еден предизвик што го поставува марката од Минхен.

Купе од серијата 8 на BMW

Flickr Album Gallery Powered By: Weblizar

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

177
167 shares, 177 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743