Download WordPress Themes, Happy Birthday Wishes
Нови модели

BMW 6 Gran Turismo добива четирицилиндарски дизел

Традиционалистите на баварската марка имаат проблем со комбилимузинските изведби во сериите 4 и 6, но во BMW сметаат дека пропустот е во понудата од мотори. Како нова погонска единица под хаубата на BMW 6 Gran Turismo пристига дволитарски дизел со 190 КС

За првпат во комбилимузинската верзија на база на серијата 5 на BMW ќе работи дизел со четири цилиндри, кој се одликува со особено ниска потрошувачка на гориво. Од јули, во ценовникот на практичниот модел од вишата класа ќе фигурира BMW 620d Gran Turismo. Моторот располага со 190 КС и според фабрика троши 4,9 литри на сто километри.

Турбина со променлива геометрија на лопатките и впрскување под висок притисок, според BMW се предуслов за спортско ослободување на моќноста и за висок степен на ефикасност. Максималниот вртежен момент од 400 њутнмери се испорачува меѓу 1.750 и 2.500 вртежи, а максималната моќност од 190 КС се постигнува при 4.000 вртежи.

Осумстепен автоматик следува стандардно со четирицилиндарскиот дизел во BMW 6 Gran Turismo

Гамата на Gran Turismo сега се состои од пет мотори: Два шестцилиндарски дизели, по еден бензинец со шест и со четири цилиндри, а сега и четирицилиндарски дизел. BMW 620d GT стандардно се испорачува со 8-степен Steptronic. Спринтот до сто трае 7,9 секунди, што е повеќе од солидно.

На списокот на опции не недостигаат пневматска амортизација, интегрално активно управување или спречување на навалувањето на каросеријата.

Мудрите купувачи во меѓувреме ја користат слабата популарност на претходниот GT и на пазарот на користени ја купуваат техниката на серијата 5 многу поевтино отколку во традиционалниот лимузински модел. Не случајно, BMW 5 GT релативно често се среќава по нашите улици.

Наследникот на BMW 850i влегува во целната рамнина

BMW X3 почна да вози и на струја

BMW ги скусува трошоците за франкфуртскиот ИАА: Има подобри места

BMW сака сите овие предмети да ги продаде со автомобилот

BMW продаде 30.000 електрични автомобили до март

 

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730