148
20 shares, 148 points

Баварците го издвоија купето од лимузините од серијата 3 за конкурентите Mercedes E Coupe и Audi A5/S5 да имаат помалку простор за игра. Тестот открива колку е во предност новата серија 4.

На споредбениот тест на водечкиот европски магазин Auto Bild повторно се соочи вечното трио конкуренти Audi, BMW и Mercedes, овојпат со купеата од средната класа S5, M435i и E 400 Coupe. За купето со сребрена ѕвезда, E 400 Coupe, магазинот наведува дека иако публиката не го гледа купето како спортски автомобил, тоа покажува одлични сопирачки, прецизно управување, добар контакт со подлогата и многу полесна управливост од Audi. Тест возачите на магазинот оценија дека подвозјето е повеќе дотерано за автопати отколку за кривулести патишта. „Напред недостига странично водење, а задната оска е премека за поамбициозно испробување на страничното држење“, пишува во споредбениот тест. Затоа, пак, моторот добива многу пофалби за релаксираниот карактер и за моќното повлекување. И покрај тоа, на споредбата Mercedes се најде на третото место.

Германскиот магазин смета дека Audi S5 е автомобил со три лица, благодарение на приспособливите компоненти со кои што во повеќе степени се дотеруваат моторот, менувачот, подвозјето, управувањето и звукот на моторот. Со динамичното управување, достапно како опција, S5 се вози буквално со мал прст, „не се возбудува при ексцеси со висока брзина на кривулести патишта“, додека во најспортската конфигурација „се збогува со последниот манир на пристојност, ја потпира масивната каросерија на екстратврди амортизери и покажува неверојатна прецизност каква што не се очекува покрај неговиот изглед.“ Предноста во однос на BMW е во тоа што S5 изглегува од фабрика како спортски модел, без потреба да се посегнува по списокот со дополнителна опрема и на тој начин да се истакне спортскиот карактер како кај 435i. Кај моторот, Auto Bild ја фали реакцијата на гас, која што е несвојствено брза за мотор со натполнење со механички компресор. Магазинот заклучува дека „кај S5 сé функционира совршено, но возачот не е целосно вклучен во случувањата, односно звукот и острината се добиваат со притискање на копче, но чувството не се добива ниту со доплата.“

Според тоа, првото место му припаѓа на моментниот топ модел 435i. Подвозјето е сосема различно дотерано од лимузината. Трагата на предната оска е поширока за 14, на задната за 22 милиметри, а на тоа се надоврзуваат и различен затур и нагиб на тркалата, како и дополнителни водилки. Како заклучок, Auto Bild пишува: „Купеата од средната класа се измислени за уживање во возењето, односно за тоа што е основна компетенција на BMW. Управливоста, погонот и звукот на 435i се дестилат на уживањето во возење од прва класа и го засенуваат фактот што технократски студениот, но затоа совршено дотеран Audi поставува репер во поглед на страничното забрзување. Наспроти тоа, во секојдневието одушевува Е 400 Coupe, кој е дотеран хармонично во секој поглед, а дополнително има и генијален мотор.“


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

148
20 shares, 148 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743