за

BMW вложува 200 милиони евра во производството на електричниот i4

bmw vision inext

BMW ќе ја напаѓа Tesla со електричниот автомобил i4. Но, прво мора да се подготват производствените ленти во фабриката во Минхен, а тоа не е евтино.

Баварците вложуваат 200 милиони евра во производствените погони за електричниот BMW i4 во матичната фабрика во Минхен. Поради посебната архитектура, голем предизвик е автомобил со електричен погон да се интегрира во постоечки производствен систем, кој работи под полна пареа.

Од октомври, во фабриката во Минхен се произведува новата серија 3 на BMW. Од 2021 година, таму ќе стартува сериското производство на купе-лимузината со електричен погон BMW i4.

Архитектурата на електричните возила се разликува од обичните поради батеријата во подот; BMW сепак ќе ги произведува i4 и сериите 3 и 4 на иста лента

Бидејќи каросеријата на i4 се разликува поради батеријата во подот, производствените линии во Минхен мора да се модифицираат, за повеќе од 1.000 роботи во исто време да ги изработуваат каросериите на моделите од сериите 3 и 4 на BMW, а воедно и специјалните каросерии на BMW i4.

Во фабриката во близина на Олимпискиот стадион во Минхен, близу 8.000 работници изработуваат по околу 1.000 примероци дневно од сериите 3 и 4, како и двојно поголем број мотори.

Los Angeles Auto Show – BMW Highlights Video

BMW at the 2018 Los Angeles Auto Show Highlights.Catch all of the exciting new releases, which of our new models are you most excited for?

Posted by BMW Group on Thursday, December 6, 2018

Хибриден BMW 330e како посебна гордост на баварците

Новиот BMW X5 стартува со продажба во Македонија

BMW продаде над 300.000 хибриди и електромобили

Шеста генерациска смена за серијата 3 на BMW

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

volvo xc40 avtomobil godina japonija

Јапонија го избра Volvo XC40 за најдобар автомобил на годината

Ford Edge Fl

Ford Edge вози по работ на теренот