за

BMW стартува со производство на M2

Во фабриката на BMW во Лајпциг стартуваше сериското производство на M2 Coupe. Спортската круна на серијата 2 се произведува на заедничка лента со стандардните верзии на купето и кабриолетот од серијата, со ванот Active Tourer и со верзијата со 5 врати од серијата 1. BMW M2 Coupe го наследува 1 M Coupe, кој исто така се произведуваше во фабриката во Лајпциг во 2011 и 2012 година и наиде на фантастичен успех на пазарот.

Комплетниот производствен волумен во фабриката моментно изнесува 750 возила дневно во класична продукција. На тоа се надоврзуваат уште по 100 примероци од електричниот автомобил i3 и уште 20 примероци од спортскиот хибрид i8 на дневно ниво. Фабриката во Лајпциг е единтвена производствена локација во групацијата BMW, во која што заедно се произведуваат возила од матичната марка BMW, од подмарката BMW i, како и спортските модели М.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Осло ќе ги забрани автомобилите во центарот на градот

Електричен Saab ќе станува национален автомобил во Турција