за

BMW со сервисен повик за 120.000 возила во САД поради дефект на воздушни перници

Бранот сервисни повици предизвикан од дефектните воздушни перници на Takata не го поштедува ниту BMW. Заради предострожност, на 120.000 возила ќе им бидат заменети воздушните перници.

BMW е следна жртва на дебаклот со воздушните перници на јапонскиот добавувач Takata. Околу 120.000 сопственици на автомобил од BMW се повикани во сервисните работилници заради контрола и замена на воздушните перници. Сервисниот повик се однесува на моделите BMW X5 и BMW X6.

Проблемот со вградените воздушни перници е во опасноста од нивно пресилно отворање  во случај на судир, при што може да излетаат парчиња низ кабината. Досега се потврдени околу 13 смртни случаи како последица на дефектните воздушни перници, како и десетици случаи на повреди. Американската агенција за безбедност во сообраќајот во почетокот на месецов побара да се заменат нови 40 милиони воздушни перници од Takata. Со 29 милиони воздушни перници заменети досега, ова е најголемиот сервисен повик во историјата на американскиот пазар. По дебаклот, Takata се најде во тешка финансиска криза.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Rapid Coupe изработено од практикантите во Skoda

Renault Espace ќе вози за Мајските Оперски Вечери