за

BMW со нов филм: Бркотница со новата серија 5 и Клајв Овен

Филмовите на BMW се постари и од каналот YouTube. Пред петнаесет години, баварската марка имаше сензационална серија филмови со најголемите филмски ѕвезди. BMW се враќа меѓу филмаџиите со новата серија 5, Клајв Овен и Дакота Фенинг, во авантуристички жанр што вреди да се погледа.

Во 2001 година BMW Films ја лансираше „Наемникот“, како серија од осум краткометражни филмови, со Клајв Овен во улога на каризматичен возач под наем. Секој филм имаше засебна приказна, со Дејвид Финчер и Ридли и Тони Скот како извршни продуценти. Зад филмовите стоеја најценетите режисери од ковот на Џон Франкенхајмер, Гај Ричи, Џо Карнахан или Тони Скот, со актерски ѕвезди како Мадона, Гери Олдман, Мики Рурк и Џејмс Браун. Достапни само на интернет и објавени четири години пред стартот на каналот YouTube, филмовите на BMW добија одлични критики и имаат обожуватели дури и по петнаесет години.

BMW сега ја има новата серија 5 и на стратезите на марката им се виде одлична идејата повторно да го заживеат BMW Films, со „Бегството“. По сомнителното исчезнување на нивниот главен лекар, компанија за биогенетика е под опсада од ФБИ под сомнение за тајно клонирање луѓе. Во целиот тој хаос, платеникот Холт (Џон Бернтал) го извлекува последниот жив клон, девојка со име Лили (Дакота Фенинг), за да ја продаде на мистериозен купувач. Холт го најмува Возачот (Клајв Овен), кој во придружба од тешко наоружани платеници се обидува да им побегне на властите и да ја испорача Лили на купувачот. Патувањето наидува на неочекувана пресвртница и Холд е присилен да ја презеде контролата во свои раце, притоа докажувајќи ги своите возачки способности во новата серија 5 на BMW.

https://youtu.be/jzUFCQ-P1Zg

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes-AMG E 63 4Matic+: Овој E-Class е тешко да се победи

Mini Countryman: Возачко уживање во секоја пригода