за

BMW со награда „Златен волан“ за серијата 7, за X1 и за Gran Tourer

Со три победи во рамките на доделувањето на наградите „Златен волан“, BMW е најуспешна марка на изборот за 2015 година. Златните волани годинава се доделуваа по 40-ти пат.

Три нови модели, три различни сегменти на возила и три „златни волани“. Триото на BMW се покажа победничко на заедничкиот избор на најдобрите автомобилски новитети на магазинот Auto Bild и на Bild am Sonntag. Златниот волан во категоријата на луксузни автомобили го освои новата серија 7 на баварската марка, додека во категоријата на спортски теренци од средната класа, победата му припадна на новиот BMW X1. Годинава за прв пат се доделуваше награда во категоријата „Семеен волан“ и таа му припадна на ванот Gran Tourer од серијата 2. Со три освоени златни волани, BMW е најуспешна марка во годинешниот избор. Трофеите беа врачени во рамките на гала церемонија во седиштето на издавачката куќа Axel Springer во Берлин.

Наградите „Златен волан“ годинава се одржуваат по 40-ти пат. Во јубилејната година настапија 38 кандидати во седум категории за оценување. Изборот се одвива во две фази. Во претквалификациите се гласа за најважните новитети од страна на читателите на Bild am Sonntag и Auto Bild, кој е присутен со своите изданија во 21 држава. Фаворитите на публиката потоа ги оценува стручно жири, составено од тркачи, техничари, уредници и јавни личности. Педесетината експерти во тест возењата поминаа над 16.000 километри, со цел да се докажат победниците. Гласовите на читателите се конечни само во класата на градските автомобили.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Наградата „Златен волан“ за новите Audi A4 и Audi R8

Porsche Macan

Porsche до октомври продаде колку во цела 2014 година