за

BMW планира да користи бандажи од карбон

Карбонот е новата „слабост“ на BMW. Откако стартуваа со негова обемна примена во електромобилот i3, Баварците планираат во иднина да вградуваат и бандажи од карбон.

Моделите на сино-белата марка може во блиска иднина да добијат карбонски бандажи, во почетокот само со доплата. Инженерите очекуваат со примената на лесниот материјал да заштедат меѓу 25 и 30 проценти во тежината на бандажите, наспроти вообичаените ковани бандажи од алуминумска легура. Намалувањето на тежината ќе донесе и намалување на потрошувачката на гориво, но и натамошно подобрување на возните својства.

Цврстината и дизајнирањето на бандажите не претставуваат проблем. Ударите од тротоар исто така не влијаат врз структурата на бандажите од карбон. BMW тврди дека со помош на специјални смоли, овие бандажи се полираат полесно отколку алуминиумските бандажи. Од Минхен засега не соопштуваат кога и во кој модел ќе доживеат премиера новите бандажи. Во секој случај, проширувањето на полето на примена на карбонот ќе придонесе за натамошно намалување на цената на овој сеуште скап материјал, кого BMW веќе го користи во помасовна мера во електричниот автомобил i3.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Отворен новиот музеј на Енцо Ферари во Модена

Десетте пионерски кросовери пред ерата на кросоверите