за

BMW најпопуларен кај германските апсолвенти, најголема плата во Porsche

Производителите на автомобили не мораат да се грижат околу нивното реноме како работодавци. Апсолвентите на германските факултети преферираат работа во автомобилската бранша.

Покрај толку високото ниво на развиеност на автомобилската индустрија на „автонацијата“ не треба да претставува изненадување што 12 проценти од апсолвентите на германските факултети посакуваат работа во автомобилската бранша по завршувањето на студиите. Единствено медиумите и издаваштвото наидуваат на поголем интерес, со 17,1 проценти. Тоа е резултатот од анкетата што ја спроведе Одделението на работна економија на универзитетот Матрихт меѓу 20.000 испитаници во Германија.

Меѓу производителите на автомобили, најпосакуван работодавач е BMW со 26 проценти, пред Audi (24%), Mercedes-Benz (18%), Volkswagen (13%) и Porsche со 12 проценти. Автомобилската бранша се рангира високо и во поглед на очекуваната плата. Просекот од висината на годишната плата изнесува 45.100 евра. Студентите очекуваат повисоки плати единствено во подрачјето на ревизијата и даночната контрола, со просек од 46.859 евра годишно.

Само еден од десет апсолвенти планира вработување веднаш по дипломирањето

Само мал дел од апсолвентите, односно околу 10 проценти, планираат да стартуваат со работа во автомобилската индустрија по дипломирањето. Девет од десет испитаници планираат прво да стекнат повисок академски статус.

Интересни податоци произлегуваат од очекуваната плата кај одделните производители. Тука води Porsche со 47.700 евра, пред Mercedes-Benz (47.600 евра) Audi (46.500 евра) и BMW со 43.300 евра. Меѓу интересентите за работа во автоиндустријата, најмногу се застапени инженери, а потоа следат студентите на економски науки и информатичарите.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes со полупремиера на C-Class Coupe во Калифорнија

Volkswagen ја престигна Toyota во продажбата за првото полугодие