за ,

BMW и Volkswagen заеднички ќе поставуваат полначи за струја во САД

Volkswagen и BMW ќе инвестираат неколку десетици милиони евра во полначи за струја во САД

Германските конкуренти влегуваат во соработка од којашто ќе профитираат обете страни. BMW и Volkswagen ќе постават 100 нови полначи за струја во САД.

Со 280.000 регистрирани возила со погон на струја и хибриди со можност за надворешно полнење на батериите, ниту САД не можат да бидат задоволни од динамиката на продажба на електромобили. За тоа да е подобри во блиска иднина, BMW и Volkswagen на салонот на автомобили во Вашингтон објавија дека во соработка со Charge Point ќе инсталираат 100 нови полначи за струја. Charge Point е водечка фирма во развојот на инфраструктура за електрични возила, со преку 20.000 полначи досега.

Полначите ќе се поставуваат на фреквентните релации меѓу Бостон и Вашингтон на источниот брег, како и меѓу Портланд, Сан Франциско, Лос Анџелес и Сан Диего на јужниот брег, на растојание од 50 милји. Освен e-Golf и BMW i3, овие полначи ќе можат да ги користат и другите возила со погон на струја.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Subaru е најпотценетата автомобилска марка

Вработен во Mercedes осуден за кражба вредна 1,5 милион евра