за ,

BMW започна со производство на електричниот скутер

По автомобилите следуваат и мотоциклите на Баварците. BMW C evolution е нивниот прв модел со погон на струја. Макси скутерот минува до 100 километри со полни батерии.

Три и пол години траеше целиот развоен процес на електроскутерот на BMW. Неговото производство се одвива во фабриката во Берлин, на посебна монтажна лента на површина од 800 метри квадратни, каде што висококвалификувани работници за работа со струја со висок напон го монтираат скутерот во само неколку чекори.

Почетокот на производството на C evolution означува ново поглавје во историјата на фабриката на BMW во Берлин. Овие погони имаат три основни надлежности: Монтажа на возилото, составување на високоволтната батерија од одделни батериски модули и компетентна анализа. Голем дел од сознанијата во развојот на електричниот автомобил BMW i3 е применети и за скутерот. Основа на техниката се литиум јонските батерии, исти како кај BMW i3, кои се испорачуваат од фабриката во Динголфинг. Три такви модули со по 12 батериски ќелии се комплетираат во алуминиумско куќиште.

Погонската единица на C evolution се состои од синхронен електромотор, запчест ремен и преносник. Номиналната моќност на електромоторот изнесува 11 киловати, односно 15 КС, а крајната брзина е електронски ограничена на 120 km/h. Забрзувањето е споредливо со макси скутерите со обични мотори со 600 сантиметри кубни. Капацитетот на батеријата од 8 киловатчасови овозможува досег до 100 километри. Полнењето трае околу 4 часови на обична струјна мрежа со напон од 220 волти.

P90146327

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Британците купуваат Suzuki како никогаш досега

Серискиот Lexus NX останува верен на изгледот на студијата