за

BMW заостанува во трката во продажбата зад Mercedes

Според априлските бројки, BMW продал повеќе возила отколку во истиот месец лани, но ниту оддалеку не го достигнува растот на Mercedes. Шефовите се надеваат на подобри резултати во втората половина од годината.

Mercedes-Benz му бега сé подалеку на конкурентот BMW во продажбата на возила од повисоките класи. Според резултатите што ги објави марката од Минхен, BMW во април продал за 1,1 процент повеќе возила отколку во истиот месец лани. Тоа можеше да биде одлична вест, доколку во исто време и Mercedes не ја објавеше статистиката во којашто продажбата на марката со сребрената ѕвезда пораснала за речиси десетпати повеќе, за 10,8 проценти.

Предноста на Mercedes е очигледна и во продажбата сметано за првите четири месеци од годинава. BMW во тековнава година продал 629.326 возила, додека Mercedes за истиот период има реализирано 647.550 продажби.

Шефот на BMW, Харалд Кригер, го признава поразот во продажбата, но не се предава и очекува дека неговата марка ќе постигне поголем пораст од конкурентот во втората половина од годинава, кога новите модели во понудата на BMW би требало да постигнат поголем ефект во продажбата. Во првите четири месеци од годинава, баварската групација продала за 4,9 проценти повеќе возила отколку во истиот период лани, вклучувајќи ја и продажбата на марката Mini.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda деведесет години ги вози чешките претседатели

Осум нови модели во теренската офанзива на Volkswagen