за

BMW ги повикува во сервис … детските автомобилчиња Baby Racer

Ваков сервисен повик не се случува секој ден. BMW ги повикува во сервис детските автомобилчиња Baby Racer, поради тоа што логото на BMW може да ги доведе децата во опасност.

Сопствениците на Baby Racer III ќе мораат да ги донесат своите „автомобили“ во продажната мрежа на BMW заради бесплатна замена на нивната детска играчка со нова. Повикот се однесува само на примероците од Baby Racer III коишто се произведени во периодот меѓу мај 2015 и декември 2015 година. Претходните серии се безопасни.

Причина за сервисниот повик е можноста налепницата со логото на BMW да се одлепи од воланот и дечињата можат истата да ја проголтаат. За исклучување на секаква можност тоа да се случи, BMW го иницираше овој необичен сервисен повик.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes стартуваше со производство на кабриолетот од класата S

Германија ќе ги забранува дизел автомобилите во градовите