Нови модели

BMW ќе го претстави новиот дволитарски дизел во Париз

На салонот во Париз ќе доживее премиера новата генерација четирицилиндарски дизели во серијата 5 на BMW. Дволитарците се посилни за 7 КС, а трошат до половина литар помалку.

Новите дволитарски агрегати со технологијата TwinPower Turbo на BMW носат плус од 7 КС во новите 518d и 520d. Иако моќноста на дизелите се зголеми, потрошувачката е намалена до 0,4 литар на сто километри. Во комбинација со опционалниот осумстепен менувач Steptronic, лимузината 520d троши во просек 4,1 литри гориво. Погонските единици од два литра поседуваат блок изработен од алуминиум со термички вградени кошулки за намалување на внатрешното триење, интегрирани балансирачки вратила, програмирана табота на пумпата за масло и оптимирано турбонатполнење, со варијабилна геометрија и впрскување Common-Rail со инјектори со магнетен вентил, чијшто притисок е зголемена на 2.000 бари. Покрај тоа, дизелските мотори што го користат новиот модуларен систем на групацијaта BMW, со унифицирана работна зафатнина на цилиндар од половина литар, се одликуваат и со подобрена термодинамика и брза реакција на системот старт-стоп.

Моделот 518d поседува максимална моќност од 150 КС, со што забрзува до сто за 9,5 секунди и просечно троши 4,3 литри, додека 520d има 190 КС и вртежен момент зголемен за 20 Nm на 400 Nm. Соодветно на тоа, спринтот трае 7,9 секунди во лимузината, односно 8,1 секунди во комбито 520d Touring.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3729