166
23 shares, 166 points

Функционери во неколку германски министерства се пожалиле до BMW поради превисоката потрошувачка на гориво на државничките лимузини со плаг-ин хибриден погон. Батериите се празнат пребрзо, а потрошувачката е многу повисока од таа што ја декларира BMW.

Кај службените лимузини на германските министри во последно време е важно да ја пишува буквата Е во регистерските таблици. Тоа е привилегија на автомобилите со електричен погон, вклучувајќи ги и плаг-ин хибридите. Со ваквиот избор се покажува свест за животната средина, се држи чекор со последните достигнувања на автомобилската индустрија и се дава добар пример за широката јавност.

Не е помалку важно и тоа што се замолчуваат будните чувари на животната средина. Тамошните организации умеат да бидат мошне гласни кога се нарушува одржливоста на природните системи. Поради тоа, државните функционери сé почесто седнуваат во големи лимузини со плаг-ин хибриден погон. Според производителите, крстосувачите минуваат до педесетина километри со енергијата во батеријата. Откако таа ќе се испразни, на помош доаѓа обичниот мотор. По декларација, потрошувачката на гориво изнесува околу два литри бензин на сто километри.

Големи лимузини на „батерии“ не постојат во моделските гами на германските производители, плаг-ин хибридите на BMW и Mercedes се единствен избор

Во отсуство на репрезентативни лимузини што работат исклучиво на струја, на државните функционери во Германија не им преостанува друг избор освен плаг-ин хибридните верзии од серијата 7 на BMW или од Mercedes S-Class. На хартија, BMW 740e iPerformance ветува многу. Со дволитарски бензинец и електромотор, кои заедно испорачуваат системска моќност од 326 КС, крстосувачот тежок два тона, според фабричките податоци троши 2,1 литри бензин на сто километри и испушта само 49 грами СО2 на секој километар. Уште поимпресивни се ветувањата за верзијата со погон на сите тркала и продолжена каросерија BMW 740Le xDrive iPerformance, којашто е почесто во служба на функционерите. Таа наводно троши само 2,4 литри бензин на сто километри. Реалната слика многу се разликува.

Шоферите се жалат дека автомобилите минуваат само неколку километри на електричен погон. Според BMW, досегот со полни батерии изнесува меѓу 48 и 42 километри, зависно од моделската изведба. Бидејќи батериите се празнат брзо, дволитарскиот турбо со 258 КС ја презема работата. Но, неговата потрошувачка на гориво е енормна. Погонот дотеран да покаже примерни вредности во лабораторија, во реално возење е бесмислен.

Шоферите мора постојано да полнат гориво поради малечкиот резервоар од 46 литри во двотонската лимузина

Поради смалениот резервоар кај плаг-ин хибридните верзии на серијата 7, шоферите мораат постојано да дополнуваат гориво. На неколку државни секретари им дошло преку глава и се пожалиле до производителот во Минхен.

За целата ситуација да достигне трагикомична кулминација, германската влада и дилерите издвојуваат 3.000 евра по возило, како субвенција за купувачите на плаг-ин хибридни автомобили. Но, како што сведочи примеров со 740e, отсуствува користа во поглед на животната средина и оперативните трошоци.

Од BMW одговориле дека разликата меѓу декларираната и реалната потрошувачка не се јавува само кај нивните автомобили. Оттаму забележуваат и дека повеќечасовното чекање на министрите, додека е вклучено греењето во место, значително го скусува електричниот досег.

Стандардниот избор на Lexus за хибриден автомобил не одговара во овој случај. Тој се произведува во Јапонија.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

166
23 shares, 166 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743