163
23 shares, 163 points

BMW со поздравно видео му се заблагодари на Дитер Цече за „долгите години на инспиративна конкуренција“. Видеото снимено со двојник на сега веќе поранешниот шеф на Daimler, го покажува човекот со најпознатите мустаќи во автомобилската бранша како таен љубител на BMW. Тоа што го виде сцената, сепак е друго: Ова е голема почит за Дитер Цече, и заслужено.

Конкурентот од Минхен подготви поздравна видео порака за шефот во заминување од Daimler, Дитер Цече. Вешто изведеното видео открива дека шефот на Daimler всушност бил таен љубител на BMW. Кадрите го прикажуваат двојникот на Цече, со мустаќи и џинс, како на неговиот последен ден во централата на Daimler се поздравува со персоналот. Шофер со службена лимузина го вози Цече до неговиот дом. Во следната сцена, шефот на Daimler веќе е седнат во својот BMW i8 Roadster и брзо исчезнува од кадар. „Конечно слободен“ е завршната порака, проследена со благодарност од BMW за „долгите години на инспиративна конкуренција.“

Видеото беше објавено прво на твитер, и како и обично, тоа е само почеток. Вистинскиот заплет почнува дури со репликите на социјалните мрежи. Еден од одговорите од Daimler: „Веруваме дека нашиот шеф повеќе ќе сакаше да се потпре на вистински коњски сили за неговото заминување во пензија.“

Дитер Цече ќе биде новиот шеф на туристичката компанија Туи

Дитер Цече од Daimler со највисок углед од германските топ-шефови

Трикратна ѕвезда во салонот на Mercedes: Цивилен болид AMG GT R

Топ 10 Најдобри дизајни на Mercedes во избор на Славче Таневски

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

163
23 shares, 163 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *