178
23 shares, 178 points

Затишјето во групацијата BMW е само привидно. Во оваа и во следната година претстојат многубројни новитети од сите три автомобилски марки на BMW. Најмногу се очекува од новите генерации на сериите 5 и 7. Ова се сите новитети на баварскиот премиум производител до крајот на деценијата, по рангот во хиерархијата.

Првиот новитет што ќе ги израдува љубителите на баварската марка е родстерот BMW Z2, со пазарен старт најавен за в година. Прототипи од идниот двосед моментно се тестираат маскирани во модифицирана каросерија од серијата 2, но техниката сепак ќе доаѓа од друг модел. Платформата за Z2 ќе потекнува од серијата 1 и од Mini, што значи дека родстерот ќе поседува преден погон, а веројатно ќе ги прифати и трицилиндарските турбо мотори. Мала утеха е тоа што врвната изведба на моделот ќе вози со дволитарскиот турбо со 231 КС.

Идниот родстер ќе надомести за постојаното растење на Z3/Z4 и повторно ќе биде достапен за малку поширок круг купувачи. Двоседот се тестира во модифицирана каросерија на серијата 2, со понизок и поисправен ветробран
Идниот родстер ќе надомести за постојаното растење на Z3/Z4 и повторно ќе биде достапен за малку поширок круг купувачи. Двоседот се тестира во модифицирана каросерија на серијата 2, со понизок и поисправен ветробран

Новитет во понудата од моделски изведби во серијата 1 е верзијата со лимузинска каросерија, како конкурент на Audi A3 Limousine. Овој модел е планирано да се појави во 2019 година, со помали димензии од серијата 3 и со голем багажник. Како стандард за серијата 1 во иднина, лимузината исто така ќе поседува преден погон. Понудата од мотори ќе почнува со 1,5-литарскиот трицилиндарец со турбонатполнње и 136 КС, а се спомнува и модел од M GmbH, со најмалку 300 КС.

Лимузинската изведба на серијата 1 ќе има преден погон, со Audi A3 Limousine како главен конкурент
Лимузинската изведба на серијата 1 ќе има преден погон, со Audi A3 Limousine како главен конкурент

На салонот во Франкфурт во септември ќе биде претставен новиот X1, којшто исто така ја користи платформата со преден погон за моделите во групацијата BMW и исто така ќе ги користи 1,5-литарските бензинци и дизели како основа во понудата на мотори. Идниот кросовер ќе се нуди во помалку изведби со преден погон во споредба со актуелниот X1. За првпат ќе се нуди и верзија со продолжено меѓуоскино растојание. Најсилна моделска изведба ќе биде X1 M30i со 330 КС, планиран за 2017 година.

bmw x1
BMW X1

 

Веќе во текот на оваа година се очекува да стартува M2 Coupe, како врвна моделска изведба во серијата 2, со новиот шестцилиндарски мотор со 300 КС, којшто е развиен првенствено за новата серија 7. Компактниот спортист со овој мотор ќе спринтува за 4,4 секунди до сто, а крајната брзина ќе биде ограничена на 250 km/h. Изгледот и техниката ќе претрпат измени во браниците, крилата, подвозјето, системите за асистенција, додека опремата ќе го добие вообичаениот спортски карактер.

BMW M2 Coupe
BMW M2 Coupe

 

BMW X3 се подготвува да влезе во третата генерација во 2017 година, откако ќе биде претставена една година претходно, веројатно веќе на салонот во Париз. Новата генерација G01 ќе ја користи платформата 35up од идните модели од сериите 5 и 7. Димензиите на каросеријата нема да се менуваат, но затоа тежината ќе се намали за 100 килограми. Како најсилен модел се планира X3 M40i со најмалку 360 КС од линиски шестцилиндарец од три литри. Покрај изведбата со хибриден погон, се очекува и верзија од M GmbH, во стилот на X5M и X6M.

BMW X3
BMW X3

Серијата 3 ќе претрпи освежување веќе во текот на оваа година, за првпат по воведувањето на моделот во 2012 година. Во изгледот ќе се променат само неколку детали во браниците и светлата, додека главниот новитет ќе биде под хаубата. Може веќе да се претпостави, таму исто така ќе работи новиот 1,5-литарски трицилиндарец со 136 КС. Гордоста на серијата ќе ја брани 340i, со шестцилиндарец со моќност од 360 КС, заради пополнување на празнината меѓу 335i и M3.

BMW 3 facelift
BMW 3 facelift

По примерот на BMW X3 се планира спортски кит M Performance и за купе-теренецот X4. Моделската изведба M40i вози со шестцилиндарец од три литри со 380 КС. Подоцна ќе следува и верзија X4M, како чист производ на M GmbH, со уште поголема моќност.

BMW X4 M40i
BMW X4 M40i

Следното лето пристига новата серија 5, базирана на новата платформа 35up и со тоа полесна за 100 килограми. Во идната серија 5 ќе работат нови мотори со четири шест и осум цилиндри, сите развиени според принципот на актуелниот 1,5-литарец, со зафатнина на цилиндар од половина литар, којашто инженерите на BMW сметаат дека моментно нуди најдобар компромис во интерес на ефикасноста во работата. Моќноста на бензинците ќе се движи од 200 до 450 КС, а врвот на гамата секако дека и натаму ќе биде резервиран за М5.

BMW 5
BMW 5

Новата серија 7 ќе биде претставена веќе во оваа година, на салонот во Франкфурт во септември. Знаменосецот на баварската премиум марка ќе ја задржи должината на каросеријата, но ќе биде поширок и понизок од актуелниот модел. Револуција се најавува во примената на лесни материјали. Предниот и задниот капак, како и вратите ќе бидат изработени од карбонски ламинат, додека за носечката структура на каросеријата ќе се користи комбинација од алуминиум, магнезиум и челична ламарина со висока цврстина. На тој начин ќе се постигне намалување на тежината за дури 200 килограми.

BMW серија 7
BMW серија 7

Лимузината со развоен код G11 ќе постави нови стандарди и во економичноста. Основен мотор ќе биде дволитарски четирицилиндарец со турбонатполнење. Линискиот шестцилиндарц од три литри и осумцилиндарецот во V, со зафатнина од 4,4 литри, исто така ќе користат натполнење. Чисто заради престиж, BMW повторно ќе нуди шестлитарски мотор V12, којшто во иднина ќе се користи и во моделите на Rolls-Royce. Сите моделски изведби како стандард ќе поседуваат деветстепен автоматски менувач.

Rolls-Royce Wraith в година ќе биде достапен и како кабриолет. Моделот со платнен покрив ќе ја носи ознаката Rolls Royce Wraith Drophead Coupé и ќе вози со познатиот 6,6-литарски мотор со 12 цилиндри од BMW. Една година подоцна доаѓа и новиот Phantom, базиран исто така на платформата од идната серија 7. Во погонот нема да се менува многу. Под хаубата ќе работи V12 од шест литри, но поштедлив и помоќен во споредба со актуелниот. Заради грижа кон животната средина ќе се нуди и верзија со хибриден погон.

Rolls-Royce Wraith Drophead Coupe
Rolls-Royce Wraith Drophead Coupe

Новитети има и од „малечката“ марка на BMW. Новата генерација на Mini Clubman ќе биде значително поголема во споредба со актуелниот комби-модел во гамата. Промени ќе има и во концептот на вратите. Место само една странична врата за задната клупа, сега ќе има нормален пристап преку две врати. Моторите ќе потекнуваат од актуелните верзии со три и пет врати.

Mini Clubman
Mini Clubman
mini countryman
Mini Countryman
mini cabrio
Mini Cabrio

Кабриолетот во гамата на Mini, исто како и комбито, ќе бидат претставени премиерно на салонот во Франкфурт годинава. Покривот и натаму е платнен, моторите се вообичаените. Димензиите ќе се зголемат во споредба со сегашниот модел, вклучувајќи го и меѓуоскиното растојание. Во истата насока продолжува и последниот новитет од Mini, кросоверот Countryman, чијашто продажба исто така стартува в година.

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

178
23 shares, 178 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743