за

BMW планира огромен теренец X7 за 2018 година

Додека европскиот пазар бара примерок повеќе од новите генерации на мини теренци, САД и Азија се незаситни за огромни теренци со три реда седишта. BMW реагира со огромниот X7.

Трите престижни марки од Германија планираат во следните години да го преплават пазарот со огромни спортски теренци со силни мотори. Според водечкиот германски магазин Auto Bild, марката со сино белиот знак ќе го воведе во својата понуда монструмот од теренец X7 во 2018 година. Но, првиот чекор ќе го направи Audi, со моделот Q8 Coupe, чија што премиера може да се очекува за две години. Mercedes исто така ќе одговори со купе изведба на големиот теренец GL во 2016 година. Теренците со каросерија во стил на купе наидуваат на голем интерес на глобалниот пазар, особено во САД и во Кина.

Првиот чекор ќе го направи Audi со моделот Q8 со платформа од идната генерација на Q7
Првиот чекор ќе го направи Audi со моделот Q8 со платформа од идната генерација на Q7

Во 2015 година Audi ќе го претстави Q8 Coupe врз основа на идната генерација на Q7. Марката со четирите прстени влева големи надежи во двата шестцилиндарски мотори, со заедничка зафатнина од три литри. Бензинскиот 3.0 TFSI ќе постигнува моќност од 310 КС, додека дизелскиот 3.0 TDI ќе дојде до 272 КС. Уште поголема моќност ќе нудат обата осумцилиндарци со по четири литри зафатнина и моќност од 434 КС во бензинската и 394 КС во дизелската изведба.

Паралелно со воведувањето на големиот X7, BMW ќе ја заокружи и основата на понудата  со X4, како теренец со техника од серијата 3
Паралелно со воведувањето на големиот X7, BMW ќе ја заокружи и основата на понудата со X4, како теренец со техника од серијата 3

BMW X7 ќе ја користи платформата од наследникот на X5/X6. Со масовна примена на алуминиум, магнезиум и карбон тежината на оваа моделска гама ќе се намали и до 350 килограми. Покрај силните дизели, под хаубата ќе работи осумцилиндарец со двојно турбонатполнење и моќност од 500 КС, а ќе се нуди и хибридна изведба. Најсилен меѓу дизелите ќе биде X7 M50d со 400 КС и четири турбополначи.
Претходно, баварската марка ќе ја заокружи понудата на теренци со основен модел. Новиот X4 ќе биде теренска изведба на серијата 3, која штотуку се збогати со комбилимузината GT и со купето од серијата 4.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mini кампување во голем стил

Рекордно производство на Kia во Словачка