153
20 shares, 153 points

Порастот од пет проценти во продажбата на BMW во минатиот месец беше недоволен да се достигне темпото на Mercedes. Мошне е извесно дека марката со ѕвездата ќе се врати на тронот.

Баварците во минатиот месец постигнаа за 5,6 проценти повеќе продажби во споредба со ланскиот мај, со 168.129 возила од сите марки во групацијата. Тоа не дава причина за славење во Минхен, затоа што конкурентот Mercedes во исто време продаде далеку повеќе возила отколку BMW. Мајската продажба на сино-белата марка се должи на зголемениот интерес за серијата 7, како и на вообичаено солидната продажба на спортските теренци.

Наспроти тоа, Mercedes во мај постигна двојно поголем раст во продажбата, од дури 13 проценти, што и кај швабската марка произлегува од растечката побарувачка за спортски теренци. Притоа, обете марки профитираат од кинескиот пазар, кадешто BMW има раст од 7,5 проценти и 37.487 продажби, додека Mercedes контрира со раст од спектакуларни 39 проценти и 38.271 продадени возила.

Силен притисок врз BMW пристига и од Audi

Третиот член во германската премиум тројка, лани за првпат имаше послаба продажба од Mercedes по 2010 година, но и тој годинава се враќа во форма. Мајската продажба за Audi донесе раст од 6,7 проценти или 164.150 возила. Плусот на кинескиот пазар изнесува 5,5 проценти, со вкупно 50.002 продадени возила.

До крајот на годинава, BMW ќе се соочи со огромен предизвик да ја задржи првата позиција во продажбата во премиум сегментот, којашто ја држи уште од 2005 година. Конкуренцијата од Штутгарт и Инголштат врши силен притисок, постојано лансирајќи нови и атрактивни модели, додека BMW и натаму се наоѓа во стагнација, без излез на повидок.

Mercedes со над 20.000 продажби повеќе од BMW

Во првите мет месеци од годинава, Mercedes продаде вкупно 818.175 возила, што е за над 20.000 повеќе од BMW. Марката со четирите прстени исто така е во силен пробив на пазарот и со погодена моделска стратегија успеа во периодот од јануари до мај да продаде 784.280 возила, за моментно да заостанува со само 13.000 возила зад Баварците.


,

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

153
20 shares, 153 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743