138
19 shares, 138 points

Тимот што се подготвува да постави нов брзински рекорд на копно моментно е во пустината Хакскенпан во Јужна Африка. Претстои мачно подготвување на пустинската патека за брзинските тестови. Брзината со којашто ќе се вози: Повеќе од 800 km/h. Но, тоа не е крајната брзина што треба да се постигне.

Во следниот месец, подготовките за поставување нов брзински рекорд на копно продолжуваат во Јужна Африка, во пустината Хакскенпан, на Северниот Рт. Прво ќе се работи на составување на „автомобилот“, по летот од Луксембург до Јоханесбург и по 900-километарскиот превоз до крајното одредиште, на специјална камионска полуприколка.

Bloodhound LSR првпат ќе вози на тркачката патека во Хакскенпан. Станува збор за проект кој ги вклучува сите врвни капацитети со кои располага Велика Британија, во науката, технологијата, инженерството и математиката.

Бидејќи станува збор за екстремни брзини и подеднакво екстремни услови на возење, овој историски најмоќен автомобил што вози по права линија, за тестирањата во Африка ќе добие полни тркала изработени од алуминиум.

Тимот од 25 членови ќе постави пустински технички камп на површина од 50 х 50 метри, со привремена работилница, во којашто ќе се најдат сите специјални и бесценети алати и уреди, потребни за дотерување и сервисирање на возилото. Струг, дупчалка и опрема за заварување, секако дека не недостигаат.

Брзинските тестови ќе започнат на 21-ви октомври. Во период од еден месец, брзината постепено ќе се зголемува во чекори од 50 милји на час (ca. 80 km/h), за на крајот да се постигнат брзини од преку 800 km/h.

По повеќе години во подготовки на возилото и по близу една деценија во подготовка на нашата тест-патека од властите во Северниот Рт, чест ни е што конечно сме тука. Во следните неколку недели ќе го тестираме возилото и ќе го тренираме тимот, во подготовка за поставување на нов брзински рекорд на копно.“

Енди Грин, возач и актуелен брзински рекордер на копно

Тркачката патека долга 16 километри ја подготвуваа 317 членови на локалната заедница Мир, со финансиска помош од властите во Северниот Рт. Преместени се 16.500 тони камен од исушено езерско корито со површина од 22 милиони метри квадратни – тоа е најголема површина подготвена за мотоспорт.

Неколку факти за Bloodhound LSR

  • Bloodhound LSR е комбинација од млазен авион, Ф1-болид и вселенски брод.
  • Во проектираната брзина (1.050 mph или близу 1.700 km/h), LSR ќе 1,6 километар за 3,6 секунди
  • Актуелниот брзински рекорд изнесува 1.227,9 и поставен е во 1997 со Thrust SSC. Возеше Енди Грин.
  • Голем предизвик е како возилото ќе се однесува при пробивањето на звучниот ѕид. Поради тоа, ќе се тестира во две завршни етапи.
  • Моторот е Rolls-Royce EJ200 млазен мотор од Eurofighter Typhoon. Моќноста е еквивалентна на 54.000 КС


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

138
19 shares, 138 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *