за

Како се добива метан од комунален отпад: Проект на ЕУ

Како да произведеш метан од комунален отпад: Проект на ЕУ
Како да произведеш метан од комунален отпад: Проект на ЕУ

Европа до 2035 година ќе ја ограничи количината на комунален отпад што може да се носи на депонии на само 10 проценти. Неколку партнери започнуваат проект вреден 4,3 милиони евра, којшто треба да обезбеди иднина на метанот од биолошко потекло како погонско гориво во возилата.

Европската Комисија неодамна го одобри проектот во којшто ќе се произведува метан од комунален отпад. Во проектот учествуваат неколку партнери, кои во следните четири години имаат на располагање 4,3 милиони евра, да ја тестираат целата постапка, вклучувајќи и користење на метанот како погонско гориво. ЕУ учествува со 55 проценти во вкупниот истражувачки фонд, остатокот го вложуваат партнерите во проектот.

Проектот е замислен како темел за натамошен развој и истражување на производството и примената на биометанот како погонско гориво. Целта е да се постигне апсолутно неутрален систем во поглед на емисијата на СО2.

Европската Унија до 2035 година ќе ја ограничи количината на комунален отпад што може да се носи на депонии на само 10%. претворањето на отпадот во погонско гориво од биолошко потекло е едно од решенијата за надминување на овој предизвик од Унијата.

Во Европа постојат близу половина милион депонии, што значи дека истражувањето на начините како отпадот да се претвори во енергија претставува одлична можност за бизнисот. Во исто време се смалува и емисијата на штетни гасови.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Од Fiat Panda до Audi A5: Фабрички модели со погон на метан

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo поканува на викенд на отворени врати, има и премиера на S60

Volvo поканува на викенд на отворени врати, има и премиера на S60

фаз таунсенд со де дион бутон модел 3 на лондон брајтон

Водителот на „Car SOS“ ќе се трка со De Dion од 1904 година