за

Црни кутии и камери за рикверц задолжителни по 2022 година

автопилот роботски автомобили одговорност

Со цел да се подобри безбедноста во сообраќајот и теренот да се подготви за автономните возила, неколку системи за асистенција ќе станат задолжителни во новите возила по 2022 година. Европскиот парламент даде глас за овие планови.

Европскиот парламент ги одобри плановите за новите системи за безбедност да станат задолжителни во автомобилите. Со одобрениот проект се предвидува од мај 2022 година во возилата да се вградуваат уреди што оневозможуваат возилото да стартува при алкохолизираност на возачот, како и сензори за замор на возачот. Покрај тоа, во возилата ќе се вградуваат и камери и сензори за рикверц, како и запишувачи на податоци за незгоди, слично на црните кутии кај авионите.

Државите членки на ЕУ и европските преговарачи претходно се спогодија околу воведувањето на новите правила, со коишто се подготвува теренот за автономните возила. Остануваат уште гласовите од министерскиот совет на ЕУ.

системите за асистенција

Новите правила ќе важат и за производителите на товарни возила. Тие во иднина ќе мора да вградуваат системи за предупредување при скршнување и сензори кои регистрираат кога има незаштитени учесници во сообраќајот зад товарните возила. Задолжителни стануваат и мерачи на притисок во гумите, како и приспособен дизајн на возилата, за возачите да имаат подобра прегледност.

Преку 25.000 жртви во сообраќајот во 2018 година на европските патишта

Лани на европските патишта загинале 25.100 лица. Бриселските институции лани дадоа предлог за напредните безбедносни системи. Според Комисијата, новите мерки ќе спречат околу 25.000 сообраќајни жртви и 140.000 повредени лица до 2038 година. Во 90 проценти од сите незгоди, причинител е човекот. Со законските промени се отвора патот и за автопилотираните возила.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

заплена мотоцикл германија

Германски суд првпат заплени мотоцикл на брз моторџија

лондон моторшоу посетители изложувачи

Лондон Моторшоу со штанд за сопственици на „посебни“ автомобили