157
20 shares, 157 points

Во повеќе делови на Берлин ќе постои забрана за постари дизели. Забраната се однесува за автомобили и камиони. Заради подобрување на квалитетот на воздухот се планира и проширување на зоните со дозволена брзина до 30 километри на час.

Берлинскиот сенат изгласа забрана за сообраќај за осум улици во германската престолнина. Од почетокот на септември, по избраните улици ќе биде дозволен сообраќај само за автомобили и камиони со дизел мотор, кои исполнуваат најмалку норма Еуро 5.

Исклучок од забраната ќе важи за локалните жители, за службите за достава и за занаетчиите. Дополнително се предвидува и големо проширување на подрачјата во градот во коишто брзината ќе се ограничи на најмногу 30 километри на час.

Мерки се преземаат уште при најмало надминување на граничните вредности: Просечната вредност на азотен диоксид изнесувала 46 микрограми на метар кубен лани, дозволената вредност во ЕУ изнесува 40 микрограми

На повеќе места во Берлин има зголемена концентрација на азотен диоксид. Во минатата година било забележано намалување на загаденоста, со 46 микрограми азотен диоксид на метар кубен во годишен просек, но вредноста и натаму е над пропишаниот лимит на ЕУ од 40 микрограми. Во 2017 бил пресметан просек од 51, додека една година пред тоа 52 микрограми.

Вкупната должина на осумте улици со забрана за стари дизели изнесува 2,9 километри. На улиците воедно ќе се воведе и ограничување на брзината на 30 km/h.

⇒ Загадувањето со азотен диоксид во градовите во најголем дел потекнува од издувните гасови од дизел моторите. Забрана за стари дизели веќе важи во повеќе германски градови, меѓу кои и Штутгарт, Дармштат и Хамбург.

Следниот чекор е воведување на зони со брзина ограничена на 30 километри на час на 59 делници низ градот, во вкупна должина од околу 21 километри. Автобусите и комуналните возила ќе добијат посовремени системи за пречистување на издувните гасови, а се работи и на обновување на возниот парк.

Берлин воедно ќе ги прошири и подрачјата во градот, во коишто ќе се наплаќа паркирањето.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

157
20 shares, 157 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *