за

Берлин од следната недела со забрана за стари дизели

Берлин од следната недела со забрана за дизел по повеќе улици
Берлин од следната недела со забрана за дизел по повеќе улици

Од следниот понеделник почнуваат да важат забраните за сообраќај со стари возила со дизел мотор по повеќе улици во Берлин. Покрај тоа, во повеќе подрачја на градот е ограничена брзината на возење на 40 километри на час.

Според првичните планови, забраните за сообраќај со стари возила со дизел мотор во германската престолнина требаше да започнат уште во септември годинава. Поради проблеми со испораката на соодветните сообраќајни знаци, воведувањето на забраната се оддолжуваше сé досега. Од следниот понеделник почнува спроведувањето на мерките за заштита загадувањето од автомобилите. Првите забрани во Берлин ќе се воведат на подрачјето на општината Нојкелн.

На 25-ти ноември ќе бидат поставени првите сообраќајни знаци на една улица, за од следната недела забраната за стари дизели да се воведе на уште една улица. Бројот на улици по коишто ќе важи забрана за возила со слаб квалитет на издувни гасови понатаму ќе се зголемува постојано. На крајот ќе се добијат повеќе зони во коишто ќе се почитуваат мерките за заштита од штетните материи во издувните гасови на старите автомобили.

Градскиот сенатот одлучи покрај проширувањето на зоните со темпо 30 да воведе и забрани за постари дизел возила, со издувна норма Еуро 5 и послаба. Одлуката е донесена со цел да се исполни граничната вредност за 40 микрограми азотен диоксид на метар кубен воздух што наскоро ќе започне со важност во ЕУ.

Зошто и зимава ќе дишеме автомобилски издув?

Топ 10 Најголеми заблуди околу аерозагаденоста во Македонија

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia XCeed

Зошто Kia прави толку врева околу новиот XCeed?

Аутомакедонија увозник за товарната програма на Piaggio

Аутомакедонија стана увозник за товарната програма на Piaggio