за ,

Bentley Mulsanne Speed: 305 km/h за најбрзата луксузна лимузина во светот

Британската марка има посебна мисија на салонот во Париз, да го претстави знаменосецот Mulsanne Speed со титулата на најбрза ултралуксузна лимузина од сериско производство.

Невообичаена турканица од скапоцени модели на штандот на Bentley во Париз. Покрај знаменосецот Mulsanne Speed се наоѓаат моќниот седан Flying Spur и двете луксузни и динамични купеа Continental GT V8 S и Continental GT Speed, заедно со специјалната серија на Mulsanne. Шефот Волфганг Дирхајмер знае дека мора да се работи сериозно: „Ние сме избор на голем број луѓе со високи достигнувања, независни мислители, светски лидери и кралски фамилии во целиот свет.“

Секако дека овие клиенти не се задоволуваат со многу, туку со најмногу. Затоа и Bentley им го сервира Mulsanne Speed, скроен за возачот, со 530 КС и 1.100 њутнметри и со можност за вклучување на посебни програми за спортската суспензија и управувањето. Моторот V8 од 6,75 литри, со двојно турбонатполнење, го каталуптира Mulsanne Speed за 4,9 секунди до сто и не ги признава законите на физиката до 305 km/h. Оригинално е како во Bentley ја изразуваат потрошувачката: „За 13% подобрената ефикасност го продолжува досегот за 80 километри.“

Посебно за претставувањето на „Speed“, Британците ја дотерааа и специјалната верзија на Mulsanne, со 505 КС од истиот мотор, нова калибрација на менувачот, нови бои и уште веројатно стотина опции за избор.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Прво излегување на Lamborghini Huracan GT3 на патеката Валелунга (Видео)

Американските концерни ја претркаа европската конкуренција