за

Bentley со ново видео го прославува знаменосецот Mulsanne

Bentley Mulsanne Highlights
Bentley Mulsanne Highlights

Bentley објави нов филм со којшто го прославува моделскиот век на Mulsanne, преку бројните незаборавни моменти во минатата декада. Во видеото се опфатени сцени од првото појавување на комплетно новата генерација на Mulsanne на престижниот собир во Пебл Бич во 2009 година, до неодамна претставената завршна серија. Врвот на моделската кариера на Mulsanne ќе го одбележи ексклузивната „6.75 Edition by Mulliner.

Со привременото ставање на работилницата на Bentley во мирување, поради корона-кризата, периодот на владеење на Mulsanne како знаменосец на понудата на британскиот производител ќе продолжи уште извесно време. Серијата од 30 примероци се очекува да биде завршена до крајот на летото. Секако дека станува збор за врвна рачна изработка.

Кога последниот автомобил од завршната и ексклузивна серија ќе ја мине контролата, којашто опфаќа 600 позиции, времето на Mulsanne ќе заврши и владеењето понатаму ќе му биде предадено на новиот Flying Spur – новиот модел неодамна беше прогласен за „најдобар нов автомобил во светот“.

Џејмс Бонд во романите на Флеминг вози Bentley, не Aston Martin

Џејмс Бонд во романите на Флеминг вози Bentley
Џејмс Бонд во романите на Флеминг вози Bentley

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen Caddy 4 генерации

Volkswagen Caddy: Пет генерации на транспортерот што пренесе пола свет

Porsche за три месеци продаде 53.000 возила

Porsche за три месеци продаде 53.000 возила