119
26 shares, 119 points

Чистиот воздух некогаш прераснува во луксуз, кој не може да се купи ниту за сите пари на светот. Освен, ако се поседува Bentley Continental GT, во отворена каросериска изведба. Со него може во секое време да се појде во релаксирачка потрага по чист воздух – и не чини колку за сите пари на светот, но е блиску

По околу една година од купето, Bentley ја најавува и кабриолет верзијата на Continental GT. Луксузниот крстосувач со четири седишта под отворено небо е развиван заедно со купе изведбата и ќе стартува со испорака веќе во следната пролет.

Единствената, но воедно и најзначајна разлика во споредба со гран-туризмо купето е во платнениот покрив. Тој може да се спушти или подигне при брзини до 50 km/h, а трансформацијата трае само 19 секунди. Техничарите на британската куќа постигнале толку добра изолација во платнениот покрив, што акустичниот комфор е на исто ниво со купе-каросериската изведба од претходната генерација на Continental GT.

Моќноста од 635 КС повеќе ја раздвижува душата отколку што ќе се искористи за џентлменски стартови на семафор или престигнување заради уживање

Под хаубата нема разлики со купето, таму работи шестлитарски V12 со моќност од 635 КС и вртежен момент од 900 њутнметри. Преносот на сила го презема осумстепен менувач со двојна спојка, погонот на сите тркала работи комплетно варијабилно.

Bentley Continental GT Convertible 7

Каросеријата е за 20 проценти полесна од претходникот, а во исто време е за пет проценти поцврста. Тежок солидно над два тона, четириседот со мек покрив спринтува од место до темпо сто за 3,8 секунди. Крајната брзина изнесува 333 километри на час.

Место стандардните бандажи од 21 инч може да се доплати за еден инч повеќе. Приспособлива амортизација и систем што спречува наведнување на каросеријата во сите правци, вклучувајќи 48-волтна мрежа.

Вентилатори во седиштата се грижат да биде топло околу вратот и зиме

Внатрешноста е широкоградо обложена со најскапа кожа. Инструментите користат дигитална техника, во средина се наоѓа дисплеј од 12,3 инчи. Покрај сета комфорна, функционална и луксузна опрема од купето, отворената верзија дополнително поседува греење на вратот, коешто работи потивко и поефикасно од претходно.

За жешка атмосфера може да се погрижи и озвучувањето, кое во најскапата изведба постигнува 2.200 вати и ечи преку 18 звучници. За каросеријата може да се избира меѓу 17 бои, а само две бои помалку се на располагање за патосниците и за кабината. Доколку не се најде соодветна боја, на помош стои сопствениот специјалист за исполнување на соништата на клиентите, традиционалниот Mulliner.

Bentley Continental GT Convertible 17

Ситуацијата во седиштето на марката во Кру не беше посебно сјајна во минативе неколку месеци. Преоѓањето на новиот циклус за мерење на потрошувачката и емисијата WLTP им предизвика големи главоболки на Британците. Поради неизвршената хомологација, Bentley е во кусок со испорака на околу 400 примероци од суперексклузивниот теренец Bentayga, а застојот се рефлектираше и врз испораката на купето Continental GT. Третиот квартал донесе загуба од 130 милиони евра. Во меѓувреме се надминати проблемите со хомологацијата според новата „светска“ и многу пореална норма. Од кабриолетот се очекува да даде нов поттик за претстојниот период.

Нов изглед на најстариот салон на Bentley во светот

Bentley Bentayga е првиот луксузен хибрид во светот

Идниот Bentley Flying Spur на платформа од Porsche Panamera

Bentley Bentayga во трка до облаци на Пајкс Пик

 

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

119
26 shares, 119 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743