128
19 shares, 128 points

Bentley ќе учествува на најпознатата ридска трка во светот, на Пајкс Пик. За „трката до облаците“ на 24-ти јуни ќе биде задолжен најтешкиот и најгломазен модел на Британците, Bentayga.

Шестотини коњски сили и мотор W12 ќе го искачуваат Bentley Bentayga до целната линија на 20-километарската ридска патека во Колорадо Спрингс. Масивниот теренец има задача на крајот на јуни да ги совлада 156-те свијоци на Пајкс Пик побрзо од кој било друг автомобил од неговата сорта.

Bentayga ќе го замени Continental GT кај специјалистите на одделението за мотоспорт, кој досега ги бранеше боите на Bentley на тркачките патеки. Овој луксузен апартман на тркала се докажа со врвната мајсторска изработка, пеформансите и комфорот. Единственото што преостана да се заокружи беспрекорниот имиџ е победа на трка.

До интелигентниот погон на сите тркала на серискиот модел пристигаат 900 њутнметри. За одличното држење на патот се грижи ултимативна воздушна амортизација, во комбинација со 48-волтна мрежа за системот кој спречува навалување на каросеријата во свијоци. Тоа влева доверба и повеќе од доволно дека Bentayga ќе се покаже во импресивно светло на Пајкс Пик.

Темен Bentley е моќен и лут Bentley

Bentley Bentayga во специјално издание за риболовци

Британски хумор или: Камен како украсен елемент во Bentley


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

128
19 shares, 128 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *