за

Bentley Bentayga е првиот луксузен хибрид во светот

Bentley Bentayga Hybrid

Големиот новитет што Bentley го најавуваше за салонот во Женева е – хибридна изведба од престижниот теренец Bentayga. Тоа во секој случај е историски момент, затоа што во најскапиот ценовен сегмент досега не била понудена хибридна погонска изведба.

Најлуксузниот СУВ во светот отсега е и прв луксузен автомобил со хибриден погон во светот. Понатаму, Bentley Bentayga Hybrid е најштедливиот автомобил во историјата на британската марка, а со емисијата од 75 грами СО2 на километар и модел што најмалку ја оптоварува животната средина. Хибридниот модел ќе биде достапен само на неколку пазари, почнувајќи од втората половина на годината.

Bentley Bentayga Hybrid 2

Погонската спрега ја сочинува 3,0-литарски бензински V6 со турбонатполнење и електромотор, за коишто Bentley уште не ги открива техничките детали, но е јасно дека станува збор за актуелната хибридна техника од Porsche. Исто како постоечките моделски верзии – W12, V8 Diesel и V8 – хибридната Bentayga располага со постојан погон на сите тркала и избор од четири програми за возење.

Наполнетост на батеријата место температура на моторот

Копчето старт-стоп е заменето со прекинувач со три електрични режими, односно EV Drive, Hybrid Mode и Hold Mode. Во кокпитот пристига и вообичаениот дисплеј што ја прикажува работата на хибридната спрега, како и специфичните возни податоци. Промените го опфатија и традиционалниот бројач на вртежи, на когошто сега се прикажуваат и информации за хибридниот погон, а место температурата на моторот се прикажува статусот на батеријата.

Bentley Bentayga Hybrid 5

Информациите од навигацијата помагаат системот да постигне врвна ефикасност. Откако ќе се внесе одредиштето, навигацијата автоматски го избира соодветниот погонски модус за секоја делница, а воедно се грижи да остане доволно енергија во батеријата, за Bentayga да вози на струја кога ќе се приближи до одредиштето.

Полначот за струја е специјално дизајниран од Филип Старк

Додадени се и неколку специфични мобилни апликации, како далечинско вклучување на полнењето на батеријата или на климатизацијата во кабината. Приклучокот за полнење е на спротивната страна од капакот на резевоарот. Во багажникот се наоѓаат две специјални чанти за каблите.

Bentley Bentayga Hybrid x Starck - 01

Со сопствениот полнач и при користење на обичен домашен приклучок, батеријата се полни за 7,5 часови. Со посилен полнач, времето се скусува на 2,5 часови. Со полна батерија може да се очекува досег до 50 километри.

Bentley Bentayga Hybrid 3

Бидејќи станува збор за Bentley, полначот за Bentayga Hybrid е специјално дизајниран од прочуениот Филип Старк. Тоа подразбира и грижлив избор на одржливи и елегантни материјали.

Bentley Bentayga Hybrid 6

Натписот Hybrid е финиширан во бакарна боја, со што се нагласува електрификацијата на погонската спрега. Освен за натписот во долниот дел од предните врати и на задниот капак, бакарната боја е користена и во средината на бандажите.

Идниот Bentley Flying Spur на платформа од Porsche Panamera

Bentley Bentayga во трка до облаци на Пајкс Пик

Петстотини стартови на Bentley на тркачките патеки

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pre-Owned Crossovers: The Ultimate Buyer’s Guide

pal-v liberty летечки автомобил

Летечки автомобил од половина милион евра на салонот во Женева