за

Bentley Bentayga со нов залет по првите 20.000 примероци

bentley bentayga
bentley bentayga

По пет години им доаѓа време и на најлуксузните СУВ-модели да минат низ третман за освежување. Промените кај Bentley Bentayga се извршени и надворешно и внатрешно. Дел од нив го следат примерот од исто така освежените модели Continental GT и Flying Spur.

Најголемите новини се во надворешниот изглед. Одделението за дизајн на Bentley скрои сосем нов изглед за предниот дел на огромниот и скап СУВ-модел. Маската порасна и има поостра форма, а во исто време матричните диодни светла се поместени погоре и се повеќе овални. Со тоа се постигна многу покарактерен изглед во споредба со претходникот. Браникот исто така е сменет и има големи отвори за воздух што додаваат динамика во изгледот.

Назад се преземени зафати и во самата каросерија. Задниот капак доби нови задни светла во стил на Continental GT. Регистерската таблица е спуштена долу во новиот браник. Тоа е направено со цел да се ослободи место за натписот Bentley под логото. Во задниот браник се интегрирани издувни цевки со зголемен пречник, што ја следат формата на задните светла. Промените во изгледот се заокружуваат со нов дизајн на бандажите и со двете нови бои, темно зелена и кремасто бела.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Забележливи се и зафатите во кабината на Bentley Bentayga. Воланот е нов, држачите сега се поставени хоризонтално место вертикално, нови се и седиштата, како и украсните лајсни. Вентилација на задните седишта сега е достапна и за верзијата на Bentayga со пет седишта, а патниците имаат и повеќе простор пред колената. Британците наведуваат дека просторот е зголемен за три до десет сантиметри, зависно од избраната конфигурација на седиштата.

Новиот инфо-забавен систем располага со дисплеј од 10,9 инчи, со сопствен пренос на податоци за онлајн-услугите и стандардно со Apple Carplay (безжично) и Android Auto. Класичните инструменти го ислужија своето и кај марките со најбогата традиција, па во англискиот СУВ отсега работат дигитални инструменти.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во поглед на техниката, промени има во подвозјето. Со цел да се подобри управливоста, задната оска е проширена за 20 милиметри. Под хаубата нема новини. Таму работи познатиот V8 битурбо со 550 КС и 770 њутнметри. Спринтот трае 4,5 секунди, крајната брзина изнесува 290 km/h. Подоцна во гамата ќе се придружи освежената верзија со плагин-хибриден погон со мотор V6 и верзијата Speed со познатиот шестлитарски мотор W12.

Колку чини дополнителната опрема во Bentley?

Какво е Вашето мислење

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитувам

0
Колкави се казните за производителите ако не ги исполнат СО2-лимитите?

Колкави се казните за производителите ако не ги исполнат СО2-лимитите?

Новите генерации BMW M3 и M4 созреваат на тркачките патеки

Новите генерации BMW M3 и M4 созреваат на тркачките патеки