за

Bentley Bentayga: Со теренецот пристигаат дизел, хибрид, нови дилери…

Благородната марка од островот најавува голема експанзија, со обновена понуда од модели, повеќе дилери и нов теренец. Германскиот шеф откри дел од техничките детали. Во иднина, секој втор Bentley ќе биде теренец.

Идниот спортски теренец на Bentley со име Bentayga – коешто секако би требало најмалку да асоцира на „битанга“ – освен со дванаесетцилиндарски мотори, ќе вози и со хибриден погон со приклучок за струја. Тоа го најави шефот Волфганг Дирјахмер. Според него, во првата година ќе се продаваат исклучиво изведби на новиот суперпрестижен теренец со дванаесетцилиндарски мотор. Подоцна ќе следуваат дизел и хибриден модел со шестцилиндарски бензинец и можност за надворешно полнење на батериите. Хибридната техника подоцна ќе се користи за вградување во идните генерации на Continental и Mulsanne.

bentley bentayga detalПо Bentley Bentayga, како прв спортски теренец на британската марка, следува темелно освежување на Continental, со дванаесетцилиндарски мотори со исклучување на цилиндрите и емисија на издувни гасови Euro 6. Во меѓувреме се работи паралелно на развојот на идната генерација на моделите од семејството на Continental, коешто повеќе нема да се базира врз старата модуларна платформа, туку врз новата плаформа MSB, што ќе овозможи уште поинтензивна спортско-елегантна нота во дизајнот и енормно намалување на тежината. Според Дирхајмер, секое второ продадено возило на Bentley во иднина ќе биде Bentayga.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota со спартанска верзија на GT86

Volkswagen стартува со штедлив Golf со трицилиндарски бензинец