138
19 shares, 138 points

Риболовците ќе бидат среќни со новата верзија на Bentley Bentayga наменета специјално за нив. Прашањето е само дали суперлуксузниот теренец на Британците помага рибите полесно да се фаќаат на мамката.

Каква е смислата да се поседува теренски автомобил од благородната британска марка, а истиот да не се искористи за пристапување до најдобрите места за риболов? Bentley излегува во пресрет на „сонот“ на секој риболовец, со ексклузивната серија Bentayga Fly Fishing од сопственото одделение за специјални изработки Mulliner.

Четири трски за риболов се сместени во посебно изработени туби од седларска кожа опшиена со ленен конец во подот на багажникот, додека чифт мрежи во посебни кожени торби се наоѓаат во страничната преграда. Секако дека не отсуствува и посебна кутија со мамци, кутија со освежителни пијалоци и сад за чување на пленот, сите обложени со седларска кожа и изработени рачно.

Врвна риболовна опрема сместена во најблагородни материјали

Кутијата со мамци и кутијата со пијалоци се поставени на лизгачки шини, со фиоки обложени со фурнир од ореово дрво и четири макари од алуминиум во кутијата со мамци. По потреба, кутијата со пијалоци може да се отстрани и да се користи за седење, исто како и двете останати кутии. Посебна дрвена преграда е наменета за чизмите, обложена со неопрен заради заштита од влага.

Во багажникот е вграден специјален уред за одвлажнување на воздухот, за просторот за остане свеж и сув. За првпат Bentley вградува „светло за добредојде“, со светилки вградени во долниот дел од вратите, коишто ги проектираат логоата на Bentley и Mulliner на земја, кога ќе се отворат вратите. По нарачка на клиентот, светилките може да проектираат какво било лого или графика.

Возачот на Bentayga може да избере еден од четирите режими на работа на подвозјето: Прво и второ ниво на високо растојание од подлогата, нормално и ниско. Второто ниво може да се активира мануелно за совладување на потежок терен, додека ниското ниво е од корист при пристапување до багажникот или при закачување приколка.

[FAG id=25095]


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

138
19 shares, 138 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *