147
45 shares, 147 points

На салонот во Женева е сосем логично да се постави прашањето. Зошто марка како Bentley воопшто изложува? Еден од можните одговори: За посетителите на салонот да можат одблизу да го запознаат тоа што не можат да си го дозволат. Но, колку и да звучи сурово, тоа е суштината. Автомобилската сцена живее и опстојува токму од возилата што само малкумина можат да ги поседуваат. Сонувањето е дел од ентузијазмот по четирите тркала.

Bentley прославува стогодишнина на салонот во Женева. Првпат пред светот се појавува Bentley Bentayga Speed, како специјална изведба на најлуксузниот и најспособен СУВ во светот, којашто сега се специјализира и за рекордни брзини. Не постои побрз СУВ од сериско производство. Подеднакво е важна и премиерата на отворената каросериска изведба на Continental GT.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Европа првпат го доживува и новиот Mulsanne W.O. Edition by Mulliner. Серијата ќе се изработи во само сто примероци и развиена е во чест на основачот Валтер Овен Бентли. Пресечено парче од коленастото вратило од 8-литарскиот Bentley на Валтер Овен се наоѓа во секое од стоте возила од серијата, поставено меѓу двете задни седишта.

Bentayga Speed – Најбрзиот сериски СУВ во светот
New photo by Automedia MK / Google Photos

Моќноста на моторот W12 е зголемена од 608 на 635 КС. Крајната брзина е 306 km/h, спринтот до темпо сто трае 3,9 секунди. Speed е традиционална ознака кај Bentley, која заживеа одново во 2007 година, со Continental GT Speed. Неколку каросериски преправки го „откриваат“ Bentayga Speed, меѓу кои и задниот спојлер. Спортски издув и стегнато подвозје и тука се дел од вообичаениот пакет.

Continental GT Convertible
New photo by Automedia MK / Google Photos

Светска премиера на отворената каросериска изведба на Bentley Continental GT. Моторот е 6,0-литарски V12, кој го забрзува кабриолетот за 3,7 секунди до темпо сто и постигнува крајни 333 km/h.

Continental GT Number 9 Edition by Mulliner
New photo by Automedia MK / Google Photos

Посебна изведба од новиот Continental GT е славеничкиот автомобил за стогодишнината, кој исто така ќе се изработи во само 100 примероци. Инспирацијата за моделот доаѓа од тркачката историја на Bentley, конкретно на Сер Хенри Ралф Стенли „Тим“ Биркин, еден од славните „бентли момци“ од 1920-те и 1930-те години. Тим се натпреварувал на 24 часа Леман во 1930 година со Bentley Blower со стартен број 9. Со додавање механички компресор, моќноста на моторот се зголемила од 110 на 175 КС. Мноштво детали му даваат посебен печат на славеничкиот „Number 9“, меѓу другото и часовник British Jaeger во кокпитот.

Салонот во Женева го одбележува почетокот на прославата на стогодишнината. Главниот настан е на 10-ти јули.

Уште неколку импресии од штандот на Bentley во Женева:
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Bentley за луксузирање на чист воздух

Нов изглед на најстариот салон на Bentley во светот

Bentley Bentayga е првиот луксузен хибрид во светот

Идниот Bentley Flying Spur на платформа од Porsche Panamera

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

147
45 shares, 147 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *