за

Bentley со награда за најдобар концепт на престижниот собир во Вила д’Есте

Експертите на најексклузивниот собир за олдтајмери во светот што се одржува на езерото Комо во Италија му ја доделија наградата за најдобро дизајниран концепт на идното спортско купе на Британците.

Појавувањето на Bentley EXP 10 Speed 6 пред експертското жири на престижниот собир во Вила д’Есте во Италија резултираше со награда за најдобро дизајниран концептен автомобил. Со овој автомобил, ексклузивната британска марка го најавува новиот дизајнерски правец на своите возила, а истовремено и идното спортско купе коешто ќе биде позиционирано под актуелниот Continental GT.

Купето со впечатлив дизајн во задолжителната „британски тркачка зелена“ боја предизвика огромен интерес и одушевување од експертите и публиката, откако беше претставено премиерно на салонот во Женева во март. Истите реакции следуваа и по појавувањето на салоните во Њујорк и Шангај.

Ексклузивниот собир на езерото Комо во Италија се одржува уште од 1929 година, во присуство на сопственици на највредни олдтајмери и познавачи на сцената.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркијоне бара спојување на Fiat Chrysler и General Motors

Зошто Lada 1200 е одличен избор за олдтајмер?