за

Bentley најавува екстремен спортски модел за 2016 година

Новиот модел со перформанси подобри од GT3-R ќе стартува со продажба в година и ќе чини преку 400.000 евра. Најголемата промена ќе биде во преоѓањето од погон на сите тркала на заден погон.

Британската престижна марка го подготвува првиот спортски модел со заден погон во поновата историја на марката, конкретно по преземањето од страна на германскиот Volkswagen. Како основа на екстремниот спортски модел ќе послужи актуелниот Continental GT. Со преоѓањето на погон само на задните тркала, купето ќе постигне уште поубедливи перформанси и возни својства во споредба со GT3-R којшто беше претставен лани.

Кога Bentley го најави GT3-R, многумина очекуваа дека станува збор за вистински спортски модел со заден погон, но поради временскиот притисок од претстојниот почеток на сезоната натпревари во GT3, марката мораше да ја користи постоечката погонска архитектура. Изведбата со погон на задната оска ќе траеше предолго.

Само преоѓањето на заден погон ќе донесе заштеда од преку 100 килограми

Во екстремната спортска изведба ќе работи четирилитарскиот мотор V8 со двојно турбонатполнење, којшто се вградува во Continental, но е сосема извесно дека ќе има повеќе од 580 КС, колку што поседува актуелниот GT3-R. Најзначајната промена сепак ќе биде намалувањето на тежината. Целта на инженерите е за првпат во актуелната генерација да понудат модел што тежи помалку од два тона, односно да ја спуштат тежината за 200 килограми. Повеќе од половината од таа заштеда ќе произлезе од отстранувањето на дополнителните компоненти од погонот на сите тркала. Натамошна заштеда ќе се постигне со отстранување на вишокот опрема и примената на лесни материјали. Bentley уште не ја наведува цената на идниот модел, но мошне е веројатно дека таа нема да биде под 400.000 евра. Ексклузивноста ќе се рефлектира и во планираната серија примероци, којашто сигурно ќе биде помала во споредба со GT3-R, од когошто се планирани 300 примероци.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Škoda Fabia со награда за дизајн „Red Dot“

Lincoln Continental ќе биде најлуксузниот американски автомобил – повторно