125
17 shares, 125 points

Логично е дека штом Bentley направи една отстапка, ќе ја направи и следната. По првиот теренски автомобил од благородната британска марка, сега следува и првиот дизел мотор во модел на Bentley. Секако дека Bentayga Diesel уште од старт го стекнува статусот на најбрз спортски теренец во светот.

Важен момент во историјата на Bentley. Британската марка за фина и отмена клиентела, првпат вградува дизел мотор во свој модел. Но, зарем требаше да се очекува друго, по решението на мајката Volkswagen да додаде теренски модел во понудата на најлутиот соперник на Rolls-Royce?

Значи, Bentayga Diesel, најбрз теренец во светот и модел со најниска емисија на СО2 во целата гама на Bentley. Дизелот е четирилитарски V8, со моќност од 435 КС и вртежен момент од 900 њутнметри, со трикратно турбонатполнење. Овој познајник од Audi SQ7 го залетува луксузниот теренец до 270 km/h, со 4,8 секунди за спринт до сто.

30 милисекунди се потребни за електричниот компресор да произведе притисок

Исто како во SQ7, на двата турбокомпресора им се придружува компресор со електричен погон, којшто реагира веднаш и не му е потребно моторот да достигне одредени вртежи за да го произведе потребниот притисок на натполнење – само 30 милисекунди се доволни за третиот компресор да го испорача притисокот. Сето тоа се огледува и во податокот дека 900-те њутнметри стојат на располагање уште при 1.000 вртежи. За напојување на електричниот компресор се користи посебна мрежа со напон од 48 волти.

Инженерите работеле и на развој на посебен издувен систем што ќе го прикрие звукот на дизелот и ќе го одржува нивото на бучава на достојно ниво. Беџот V8 Diesel на предните врати укажува на „природата“ на моторот, исто како и двојните издувни цевки со квадратен пресек. Моделот со дизел се препознава и по црната маска со хромирана рамка и централна пречка.

Дизелот нема да привлече повеќе купувачи, но ќе ги намали пеналите за Bentley

Bentley ги „убедува“ купувачите нa дизелскиот Bentayga дека со него можат да извозат до 1.000 километри со еден резервоар, од Лондон до Вербие, Бордо или до шкотските планини. Покрај тоа, Bentayga Diesel има најниска емисија на СО2 во целата гама, што е поважно за самиот производител, отколку за сопствениците, заради пеналите што секој производител мора да им ги плаќа на европските власти за секој грам СО2 над дозволениот. Тоа е воедно и една од причините зошто Bentley го воведува дизелот во понудата, исто како и хибридот што ќе следи.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

125
17 shares, 125 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743