за

Белгија ќе забрани пушење во автомобилите

забрана пушење автомобил белгија
забрана пушење автомобил белгија

Од следната година, Белгија забранува пушење во автомобил, доколку внатре седат деца или трудници. Повеќе европски држави досега имаат воведено вакви забрани.

Нема повеќе уживање во пушењето при возење автомобил. Од први јануари 2021 година, во Белгија не смее да се пуши, ако во автомобилот седат малолетни лица. Белгискиот парламент едногласно реши околу донесувањето на овој закон, заедно со општа забрана за рекламирање тутунски производи.

Во повеќе европски држави, меѓу кои Австрија, Франција и Италија, веќе подолго време не смее да се пуши во автомобилите. За прекршок следи парична казна во висина до 3.000 евра или времено одземање на дозволата.

Целта на забраната е дечињата и трудниците да се заштитат од штетното влијание од пасивното пушење. Дури и при отворен прозорец, концентрацијата на чад во кабината е иста како во објект во којшто е дозволено пушење.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

избор за светски автомобил на 2020 година

Светскиот избор на автомобил на годината влегува во финале

Родстерот на Tesla „извозе“ милијарда милји – во вселената

Родстерот на Tesla „извозе“ милијарда милји – во вселената