за

Барселона ќе забрани сообраќај за стари возила

авенија дијагонал барселона
авенија дијагонал барселона

Вториот најголем град во Шпанија со години ги пречекорува граничните вредности на ЕУ за квалитет на воздух. Со последните предложени мерки, старите дизели не се единствени што ќе исчезнат од градските улици.

Градските власти во Барселона ќе ја намалуваат загаденоста на воздухот преку воведување забрана за сообраќај за возила од постари годишта. Моментно по повеќето улици низ градот е забранет сообраќајот за автомобили со бензински мотор што се регистрирани пред 2000 година и за дизелите постари од 2006 година, во работните денови во периодот меѓу 7 и 20 часот.

При прекршување на забраната се предлагаат парични казни во висина меѓу 100 и 150 евра. Со новите прописи ќе бидат опфатени околу 50.000 возила дневно, а се очекува забраната да доведе до 15-процентно намалување на присуството на азотни оксиди во воздухот. За следење на почитувањето на забраната за сообраќај ќе бидат поставени дополнителни 150 камери низ Барселона.

Сите возила што се погодени од забраната смеат да сообраќаат низ градот десетпати годишно. За автомобилите што се регистрирани во странство може да се побара посебно одобрение во градската управа. Од 2021 година, забраната за сообраќај ќе ги опфати и постарите доставни возила, камионите и автобусите.

Граничната вредност на ЕУ за јаглероден диоксид се надминува во Барселона уште од 2002 година. Во извештајот од градскиот институт за здравство, лошиот квалитет на воздухот меѓу 2010 и 2017 година предизвикувал во просек по 424 предвремени смртни случаи годишно.

Брисел во минатата година го повика Врховниот суд на ЕУ да отвори постапка против Шпанија, поради систематско прекршување на дозволеното ниво на азотни оксиди. Во Мадрид постојат строги забрани од лани.

https://www.instagram.com/p/B45QmcijMN1/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault Clio V најпродаван модел Франција

Renault Clio десет години е најпродаван автомобил во Франција

Користените возила поскапуваат меѓу 250 и 1.500 евра со новиот данок

Користените автомобили поскапуваат меѓу 250 и 1.500 евра со новиот данок