за

Багажниците за покрив може да бидат и алуминиумски

багажник за покрив алуминиумски

Багажникот за покрив може да биде долготраен, едноставен за ракување и тивок при затворање? Фирма од Словачка смета дека овие класични недостатоци на таканаречените „делфини“ може да се надминат, доколку пластиката ја замени алуминиум

Сите багажници за покрив имаат едно заедничко: Сите се од пластика. Фирма од Словачка цени дека алуминиумот е подобар избор на материјал и нуди багажник од 330 литри, со дизајн што потсеќа на славниот млазен авион F-117, кого радар не го открива. Комплицираниот изглед не е само впечаток – капакот има 27 симетрични површини. Тој е изработен од една алуминиумска плоча, со дебелина од два милиметри, а шесте варови се изведени рачно.

Металниот багажник не вибрира при високи брзини и не произведува бучава, а тежи исто колку пластичните верзии со исти димензии

Алуминиумскиот багажник е долг 2,22 метри, широк е 72 сантиметри и висок 30 сантиметри, а носивоста изнесува до 100 килограми. Во опремата спаѓаат два гасни амортизери, подлога што не лизга и ремени за затегнување. За прицврстување се користат вообичаените носачи на багаж според системот со Т-жлеб, а таканаречените T-Rex држачи спаѓаат во стандардниот обем на испорака.

багажник за покрив алуминиумски 1

Постои целосно црна варијанта и изведба во којашто капакот е во сива боја. Производител е словачката компанија Alumined. Единственото подрачје во коешто алуминиумскиот багажник не е во предност наспроти обичните пластични „делфини“ е цената: 1.290 евра, за основната варијанта. Со таа цена следи и петгодишна гаранција.

Шатор на покрив е добра идеја за викенд одмор

Во Холандија возат и со бандери на покривот

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ford focus седишта ергономија

Седиштата на Ford Focus со печат од ортопедите

електрични тротинети

Електрични тротинети за изнајмување во Лисабон