169
22 shares, 169 points

Едноседот BAC Mono постигнува побрзо време на круг отколку тркачките McLaren P1 GTR и Radical RXC Turbo. Британскиот магазин Evo ги споредува времињата на суперавтомобилите на патеката Енглси, слично како во оригиналното шоу Топ Гир. На оваа патека, радикално констуираниот Mono со цена од 110.000 фунти ги победува болидите вредни и по неколку милиони фунти.

BAC Mono е најбрзиот автомобил тестиран од британскиот магазин Evo. Во почетокот на ноември, овој едносед во стил на болид во формула 1 ја извозе патеката во Енглси за време од 1:07,70 минута, симнувајќи го досегашниот рекорд на McLaren P1 GTR за цела секунда. Сега е објавено и видеото од рекордното возење на Mono по патеката долга 2,5 километри.

Врвната управливост, супериорните сопирачки и соодносот од 532 КС на еден тон тежина му обезбедија лидерска позиција на BAC Mono. Магазинот Evo ги споредува времињата на суперавтомобилите на патеката Енглси слично како во оригиналното шоу „Топ Гир“. Автомобили од рангот на McLaren 675LT или Ferrari 458 Speciale се далеку побавни на патеката од BAC Mono. Дали времето на BAC Mono ќе биде соборено? Тимот на Evo верува дека тоа ќе се случи наскоро – од самиот BAC Mono.

BAC или Briggs Automotive Company е лоцирана во Ливерпул и основана е од браќата Јан и Нил Бригс. Моделот BAC Mono е лансиран во 2011 година и моментно се продава на повеќе пазари низ светот. Кон крајот на минатата година, едноседот со дозвола за возење во јавен сообраќај стартуваше со продажба во Хонг Конг, каде што за само една вечер беа добиени осум нарачки за возилото.

Актуелниот модел користи четирицилиндарски мотор Mountune од 2,5 литри со моќност од 309 КС, кој го забрзува цивилниот болид од 580 килограми за само 2,8 секунди до темпо сто. BAC од неодамна нуди опција за карбонски бандажи, а најави и примена на суперматеријалот графен, којшто е 20% полесен од карбон и 200 пати поцврст од челик.

Времињата на круг што ги постигнаа суперавтомобилите на тест на Evo можете да ги погледнете на оваа врска.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

169
22 shares, 169 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *