Вести

Прва дама сопственичка на екстремниот едносед Bac Mono

Уште една причина за создавање симпатии кон оваа дама. Таа е првата сопственичка на еден од најекстремните автомобили во моментов, BAC Mono. Раша Џамаркани е Либанка и секако дека има причина зошто се решила на овој „радикален“ чекор.

Претседателката на либанските „Beasts“ и потврдена бензинска зависничка, Раша Џамаркани, денес стана првата дама што во својата гаража го паркира единствениот тркачки едносед со дозвола за возење по улица, BAC Mono. „Beasts“ асоцира коректно, но е кратенка од „Beirut Events and Street Shows“.

Гамбол 3000 и Трката до Монако се омилените тури на првата дама во BAC Mono

Ако некој се сомнева во сериозноста на оваа дама, еве ги аргументите на Раша. Таа со своите возила има учествувано на Гамбол 3000 и на Трката до Монако. Природно е BAC Mono да се најде во возниот парк на Либанката. Нејзиниот клуб ги промовира националната култура, храна, музика и автомобили.

BAC Mono Rasha_1

Едноседот ќе учествува на манифестацијата што се одржува во Бејрут од 24-ти август до 3-ти септември. Во рамките на „Dream Car Shootout“ се одржува едночасовна трка меѓу најспектакуларните автомобили на планетава.

Today you are about to Witness whats beyond ordinary! For the FIRST time in Lebanon, a selection of various shows combined in the biggest festival in Lebanon: strip car shows,#SherineAbdelWahab & #Raghebalama, #SoukElAkel, #Kids village, #Fireworks , #FormulaOne, #MasterOfDirt and many more!#beastsme #WeDreamLebanon

Posted by BEASTS on Thursday, August 24, 2017

Briggs Automotive Company или кусо BAC е фирма од Ливерпул, во сопственост на браќата Ијан и Нил Бригс. Марката е присутна на повеќе пазари низ светот. Некои пазари буквално полудеа по едноседот со сообраќајна дозвола. На премиерата во Хонг Конг пред две години, осум парчиња се продадоа за една ноќ.

BAC Mono Rasha_2

Моторот е 2,5-литарски Mountune со 310 КС, тјунирана верзија на петцилиндарецот на Volvo, кој болидот од 580 килограми го лансира до стотка за помалку од три секунди. Уште поимпресивни од перформансите се возните својства. Од неодамна во BAC се вградува и суперматеријалот графен, кој е 20% полесен од карбон и 200 пати поцврст од челик.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами