за

Германски еколози со екстремни вредности за NОx пред градинки и училишта

германија еколози азотни оксиди мерење
германија еколози азотни оксиди мерење

Германското здружение за заштита на животната средина спровело мерна акција во периодот меѓу 1-ви март и 1-ви април во повеќе градови ширум земјата. Акцијата била спроведена со таканаречени пасивни собирачи, кои биле поставени на 417 места. Избраните локации биле во непосредна близина на градинки, училишта, амбуланти, болници, старечки домови.

Здружението на германските еколози предупредува дека отровните издувни гасови се подеднакво опасни и за децата, а не само за повозрасните и здравствено почувствителни групи. Како последици се наведуваат главно дијабетес и астма. Мерните цевки биле поставени на висина од еден и два метри, односно било покриена и висината на воздухот што го дишат децата.

Од 417 локации на кои биле поставени мерни цевки, добиени се вредности за вкупно 347 места. Германските еколози регистрирале 58 нови „жешки точки“, на кои било пречекорена граничната вредност за NO2 за територијата на ЕУ од 40 микрограми на метар кубен. Највисока вредност на NO2 во четиринеделниот мерен период била измерена на улицата Хајлбронер во Штутгарт, на место веднаш до детска градинка. Вредноста на NO2 на висина од еден метар изнесувала 59,7 микрограми, односно 46,9 на висина од два метри. На некои места било измерено пречекорување само на висина од еден метар.

Здружението бара забрана за сообраќај за стари дизели со лош квалитет на издувни гасови

Директорот на сојузната канцеларија на здружението за заштита на животната средина, Јурген Реш: „На целата територија на Германија се соочуваме со превисоки вредности на отровниот гас азотен диоксид, којшто го испуштаат дизел моторите. Најдоцна до крајот на годинава мораме да ја постигнеме граничната вредност на ЕУ од 40 микрограми по метар кубен воздух. На повеќе места, тоа е можно само со забрана за пристап на дизел возила со лош квалитет на издувни гасови, како и со хардверска надградба на сите дизели со Еуро 5 и Еуро 6.“

Реш е одлично запознаен со ситуацијата околу екстремната загаденост на воздухот во македонските градови и во градовите во регионот: „Најмногу иритира фактот што користените дизел автомобили со неисправно пречистување на издувните гасови се префрлуваат во Источна Европа, кадешто ги преплавуваат градовите со отровните издувни гасови од дизел моторите. Жителките и жителите во Будимпешта, Прага или во другите градови во Источна Европа го имаат истото право на „чист воздух“ како остатокот од ЕУ.“

Графикон на германското министерство за животна средина, за уделот на одделни видови возила во вкупната емисија на NO2 во градскиот сообраќај

Мерењето со пасивни собирачи е меѓународно признаена мерна постапка. Станува збор за цевчиња наполнети со хемиско соединение што реагира со азотниот диоксид (NO2). Вредноста на утврдената концентрација на NO2 се добива преку хемиска анализа во лабораторија.

Подземните гаражи се центри за загаден воздух

Коментар: Кој тоа профитира од загадениот воздух?

Топ 10 Најголеми заблуди околу аерозагаденоста во Македонија

Зошто и зимава ќе дишеме автомобилски издув?

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

транс-хималајска авантура 2019

Авантуристи со стари автомобили на тура околу Хималаите

bmw мексико фабрика отворање

BMW ќе ја произведува серијата 3 во Мексико