за

За пример: Автошкола во Британија ќе посади 1.200 дрва

Автошкола во Британија ќе посади 1.200 дрва
Автошкола во Британија ќе посади 1.200 дрва

Најголемата автошкола за возачки кандидати до 17 години во Велика Британија ќе посади 1.200 дрва годинава, со цел да надомести за емисијата од нивните возила во животната средина. Тоа е пример за корпоративна одговорност кон животната средина, а во исто време создава и одговорност кај идните возачи за влијанието на возењето врз средината.

Најголемата автошкола за обука на возачи до возраст од 17 години во Велика Британија, ќе посади 1.000 листопадни дрва во срцето на aнглиските шуми и дополнителни 200 дабови дрва во руралните подрачја. Идејата е во иднина да се садат најмалку по 1.000 дрва годишно, коишто ќе ги апсорбираат 191 тони СО2 од 168-те возила за обука на возачи. Треба да минат четириесет години за едно дрво да апсорбира еден тон СО2.

Програмата за обука на младите возачи опфаќа и стекнување познавања за еколошко возење, односно внимателно постапување со гасот и со сопирачките, предвидување на сообраќајот со цел да се избегне непотребно сопирање. Во големата мрежа од подружници на автошколата не се продаваат и не се користат пластични, туку само целосно разградливи шишиња и чаши.

Од следната година, во возниот парк ќе почнат да пристигаат и електрични возила со двојни команди. Young Driver организира обука за возење и разни настани поврзани со автомобилизмот за деца на возраст меѓу 10 и 17 години. Првиот сопствен автомобил што во блиска иднина ќе го купат овие кандидати, честопати ќе биде електричен автомобил.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

tushek ts 900 apex

Словенија подготвува хиперавтомобил со хибриден погон од 1339 КС

Volkswagen T-Roc Cabriolet

На Volkswagen T-Roc покрив не му е потребен