за

Кога веќе зборуваме за руски теренец што е подобар од Нива…

shaman 8x8 rusija

Овој автомобил ништо не го сопира. Осум џиновски гуми со низок притисок обезбедуваат проодност по секаков терен. Ако затреба, рускиот Шаман 8х8 ќе преплива и река.

Трендот кај СУВ-возилата не се менува веќе со години. Се бара моќ и габарит, во сите класи возила. Но, еден автомобил е недостижен во секој поглед. Од царството на Путин пристига теренско возило, покрај когошто и продолжен СУВ на њујоршки рапер изгледа беспомошно. Идејата според којашто е конструиран Авторос Шаман 8×8 се „чита“ уште во тркалата. Место обичен погон на сите четири тркала, Русите дуплираат и нудат погон на сите осум тркала.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Со 6,4 метри во должина, 2,5 метри во ширина и 2,7 метри во висина, не е лесно да се најде паркинг за Авторос. Но, таму каде што се покажува значењето на 45-те сантиметри растојание од подлогата, нема проблеми со паркирање. И покрај камионските размери, напред има место само за возач. Тој седи средишно, како капетан, што е идеално, затоа што на тој начин се добива подобра прегледност на теренот. Назад има простор во изобилство, за осум патници. По барање, рускиот производител може да го изведе задниот дел на Shaman како товарен простор.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Моќноста од 146 КС можеби не звучи импресивно, но тоа што повеќе се цени на терен е вртежниот момент. Тука се покажува трилитарскиот турбодизел F1C од Iveco, со своите 350 њутнметри. Крајната брзина од 70 километри на час само условно е ниска, затоа што овој макси-АТВ секогаш може да си го скуси патот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Големата подвижност при пробивање по теренот се темели и врз тоа што сите осум тркала се управувани во одредена ситуација. При возење по пат, управуваат предните две оски. На терен помагаат задните две оски, кои свртуваат спротивно и го скусуваат радиусот на вртење. Специјалност е можноста за движење како краба, кога сите тркала се свртени исто и возилото се движи в косо.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во Авторос веруваат дека просечен возач може да го управува овој монструм. Во руската тундра, кадешто буквално е природната средина на Шаман 8X8, сеедно е ако возачот погреши. Вода, кал, песок, ништо не го сопира транспортерот тежок близу пет тони.

Според производителот, Авторос Шаман 4×4 може да мине преку земјен насип висок до 1,7 метар; Максималното странично наведнување изнесува 47 степени

На Русите може да им се верува за изборот на гуми со низок притисок, како решение за пробивање по сите видови подлоги. Во минатото имаше бројни експерименти, меѓу другото и со гасеници, но меките гуми се покажаа најдобро. Нивната предност е во тоа што рамномерно ја пренесуваат тежината врз голема површина, спречувајќи потонување и заринкување.

New photo by Automedia MK / Google Photos

По посебна нарачка, во Шаман се вградува и пропелер, кој овозможува брзина од 4,3 km/h при пловење. Посебни пумпи ја потиснуваат водата од робусната рамка во којашто се сместени моторот и преносот. Рускиот производител може да изведе секаква варијанта, од кампер, до луксузен крстосувач, единствено треба да се смета на тоа дека само за основната изведба треба да се издвојат 180.000 евра. Гумите исто така се производ на Авторос.

 

Топ 10 Најпродавани автомобили во Русија

Сите се џипови, само Lada e Niva: Најава за новата генерација

Renault Arkana како прв СУВ-купе во класата – и само за Русија

Datsun им создаде совршен автомобил за рибарење на Русите

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford Mondeo Hybrid Мида Гранд Моторс

Хибриден Mondeo во салонот на Ford во Скопје

Geely FY11

Geely со техника на Volvo до сопствена верзија на BMW X4