за

Автопатот во Египет што минува директно пред прозор

Автопатот во Египет што минува директно пред прозор
Автопатот во Египет што минува директно пред прозор

Надвозен пат во должина од дванаесет километри, на некои места минува на одвај половина метар од станбените блокови во египетскиот град Гиза. Одговорните лица за проектот ценат дека е губење време, ако се чекало прво да се иселат станарите.

Во египетскиот град Гиза се гради автопат, што на некои места се приближува буквално на половина метар до балконите на становите. Меѓу бројните шеги, со кои се исмејува овој несекојдневен градежен проект, се зборува и за забрана за сушење чаршафи, затоа што нивното веење би можело да го попречи вниманието на возачите.

Надвозната конструкција треба да се спои со обиколница околу Каиро. Проектот стана симбол за неспособноста и коруптивноста на властите. Постојат контроверзни ставови околу тоа, кој навистина е виновен за надвозникот што целосно го зафаќа просторот меѓу долгите низи станбени блокови.

Сопствениците на становите покрај надвозниот пат ќе бидат обесштетени. Од канцеларијата на премиерот соопштуваат: „За обесштетување на имотите што треба да се уриваат, предвидени се четвртина милијарда фунти, но постојат и градби, за коишто нема да следи обесштетување.“

Една од објавите на твитер, што поттикнаа масовни дискусии. Во коментарите се поставени фотографии од уште неколку примери, вклучувајќи и духовити забелешки:

Раководителот на Агенцијата за градежна обнова на Египет, генерал мајор Махмуд Насер, во интервју вети дека сите жители што се погодени со проектот, ќе добијат обесштетување. Генералот располага со убедливи аргументи: „Ако чекам прво да се урнат сите станбени блокови и да се преселат сите жители, ќе ми требаат 20 години да го завршам проектот. Кај тие што се погодени ќе испратиме комисија, којашто потоа ќе решава околу соодветното обесштетување и сопствениците потоа ќе можат да се преселат.“

Ако чекам прво да се урнат сите станбени блокови и да се преселат сите жители, ќе ми требаат 20 години да го завршам проектот
Генерал мајор Махмуд Насер, раководител на проектот

Жителите некогаш немаат избор: „Ако тие решат да останат, нема да добијат обесштетување. Тоа е нивна одлука… Не разбирам зошто сега се појавуваат овие фотографии, ние од лани работиме на овој мост.“

Но, најголемиот проблем е друг. „Ако станарите немаат одобрение за стан, тие нема да добијат отштета“, коментира генерал мајорот. Тоа значи дека станарите во дивоградбите ќе останат со празни раце. Во Египет се случувало илегално да бидат изградени цели станбени блокови. Покрај тоа, често се практикувало и објектите со градежна дозвола да бидат пошироки и повисоки, отколку што е наведено во плановите.

Според Насар и надлежното минстерство, надвозникот е изграден легално, а зградите се тие што ги прекршуваат градежните закони. Овие згради ќе се уриваат. Претставници на станарите изјавила за египетските медиуми, дека градбите се подигнати во 2008 година со сите потребни дозволи.

Извор: Middle East Eye

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електрична лимузина од BYD наскоро во продажба во Европа

Електрична лимузина од BYD наскоро во продажба во Европа

Porsche вдоми 650000 пчели во Цуфенхаузен

Porsche вдоми 650.000 пчели во Цуфенхаузен