154
33 shares, 154 points

Автомобилската година 2019 ветува дека ќе биде возбудлива, исто како и сите години пред неа. Од преку сто модели што ќе имаат премиера или ќе стартуваат со продажба во следните 12 месеци, Аутомедиа ги издвои најважните новитети. Тие пристигаат во сите класи и сегменти, почнувајќи од градски автомобили со традиција на бестселери, па сé до електричен Porsche со преку 600 КС.

Audi A3
New photo by Automedia MK / Google Photos

Многубројните и важни новитети ја ставаат компакт класата во прв план. Audi A3 отсега ќе се нуди само во каросериска изведба со пет врати и со познатата додавка Sportback. Исто како во сите досегашните генерации, техниката потекнува од Golf. Во поглед на дизајнот, новиот A3 остава многу помодерен впечаток, а кабината ќе нуди повеќе простор.

BMW Серија 1
New photo by Automedia MK / Google Photos

Љубителите на BMW повторно ќе мораат да покажат цврст карактер годинава. Новата серија 1 отсега ќе вози со преден погон. Ако може да биде утеха, поради тоа ќе има повеќе простор во кабината. Моторите ќе располагаат со три или четири цилиндри. Посилните варијанти ќе може да се комбинираат и со погон на сите тркала. Продажбата започнува наесен.

Volkswagen Golf
New photo by Automedia MK / Google Photos

Однадвор се добива впечаток дека осмата генерација на Golf е само преработена изведба на постоечкиот модел, но тоа не треба да залажува, затоа што под каросеријата работи свежа техника. Сите мотори стандардно ќе располагаат со поддршка од електромотор. Тоа ќе помогне за натамошно смалување на потрошувачката, но воедно ќе донесе и подобри перформанси. Голем дисплеј во стилот на Mercedes A-Class ќе ги замени класичните инструменти. Стартот на продажбата е наесен.

Seat Leon
New photo by Automedia MK / Google Photos

Leon е сестринскиот модел на Golf и A3 под знакот на шпанската марка. Во 2019 година, и тој пристига во нова генерација, со истите измени. Моторите се поштедливи, во кокпитот се вдомуваат дигитални инструменти и големи дисплеи.

Mercedes CLA

Mercedes CLA Premiera

Mercedes A-Class првпат се нуди во верзија со класична триделна каросерија. Наспроти тоа, стилската купе-лимузина CLA е добро познат играч во оваа класа, кој годинава пристига во нова генерација, со техника од A-Class. Каросеријата има препознатлива форма, но тоа оди на сметка на просторноста. Се најавува верзија AMG со повеќе од 400 КС. Премиерата е веќе во март.

Porsche Taycan
New photo by Automedia MK / Google Photos

Историски важен момент во сегментот на спортските автомобили. Годинава пристига електричен спортски автомобил од марка што досега го градеше култот околу своето име со бензински мотори. Првиот електричен Porsche има моќност од преку 600 КС и ќе се произведува во матичната фабрика во Цуфенхаузен. Ценовникот стартува од околу 140.000 евра, со што Taycan се позиционира над Panamera.

Toyota Supra
New photo by Automedia MK / Google Photos

Новата Toyota Supra ќе биде вистински спортист од класичен ков. Јапонското купе со име со голема традиција се базира врз BMW Z4. Двата модела ќе се произведуваат заедно кај Magna, во Австрија. Под хаубата ќе работи линиски шестцилиндарец со 340 КС, погонот е назад. Supra ќе почне да вози налето.

Volkswagen Arteon Shooting Brake
New photo by Automedia MK / Google Photos

Се префрлуваме меѓу моделите од средната класа. Arteon е шик-изведбата на Passat, којашто годинава ќе добие друштво. Покрај лимузината, од средината на годинава ќе се нуди и комби-изведба, којашто ќе се води под дополнителната ознака Shooting Brake.

Mercedes E-Class
New photo by Automedia MK / Google Photos

Полувреме за Mercedes E-Class. Бестселерот ќе добие мало освежување по три години од почетокот на продажбата. Предниот дел е комплетно нов, во согласност со стилот што почна со A-Class. Кај моторите ништо не се менува.

Skoda Octavia
New photo by Automedia MK / Google Photos

Skoda ќе има важна премиера годинава. Новата Octavia прво ќе почне да се продава во комби-изведбата, па дури во следната година ќе ѝ се придружи лимузината. Во поглед на техниката, Octavia и натаму е „голем Golf.

Audi A4
New photo by Automedia MK / Google Photos

Моделот од средната класа на Audi ќе добие големо освежување кон средината на годинава. Покривот и хаубата остануваат, сите останати каросериски делови ќе добијат нов дизајн. Кокпитот ќе личи на A6. Важни новитети ќе има и во техниката. Познатата 48-волтна мрежа, користена кај поголемите модели, наскоро ќе почне да функционира и кај A4. Tаa е добра за техниката за штедење гориво, но и за новите системи за асистенција.

Audi A4 Allroad
New photo by Automedia MK / Google Photos

Покрај лимузината и комбито, моделското освежување го опфаќа и робусното-комби Allroad. Новото моделско семејство А4 ќе биде претставено во јуни, а испораките ќе стартуваат во текот на летото. Не се очекуваат промени во цените.

Renault Clio
New photo by Automedia MK / Google Photos

Одиме кај помалите возила. Изгледот на новиот Renault Clio многу потсеќа на големиот брат Megane, но истото ќе важи и за техниката. Во кокпитот ќе се користат поквалитетни материјали, на задната клупа ќе има повеќе простор за патниците. Стартот е напролет.

Peugeot 208
New photo by Automedia MK / Google Photos

Малечкиот Peugeot 208 ја дели техничката платформа со Opel Corsa. Погонот го преземаат трицилиндарци и хибриди, а се најавува и чисто електрична варијанта. Почетокот на испораката е наесен.

Opel Corsa
New photo by Automedia MK / Google Photos

Новата Opel Corsa е веќе трет модел на Германците, по Crossland X и Grandland X, којшто се базира врз платформа на француската групација PSA. Corsa станува полесна, нуди повеќе простор, а ќе вози и во изведба со погон само на батерија. Сето тоа најавува многу помодерна Opel Corsa од досегашната. Во кокпитот исто така пристига духот на новото време. Дисплеи ги заменуваат класичните инструменти. Новата Corsa ќе биде претстсавена во март, на салонот во Женева. Испораките почнуваат налето.

Volkswagen ID Neo
New photo by Automedia MK / Google Photos

Во 2019 година секако најмалку ќе недостигаат важни премиери на електрични автомобили. ID Neo е првиот модел од концернот Volkswagen, којшто се базира врз новата платформа за електрични возила MEB. Потоа ќе следат уште 20 нови електрични модели од Volkswagen, Audi, Skoda и Seat. Една од предностите на електричната техника: Додека ID Neo има габарити како Golf, во внатрешноста нуди простор како Passat. Батеријата ќе се нуди во различни големини, со капацитет за досег меѓу 400 и 600 километри. Цената за основниот модел ќе изнесува околу 25.000 евра.

Polestar 2
New photo by Automedia MK / Google Photos

Вториот модел на Polestar се чини како да го имаме видено некаде. Таков дизајн тешко се заборава. Оваа комбилимузина со продолжен опаш се појави како студија на Volvo, под ознаката 40.2. Големината на каросеријата и просторната понуда се од рангот на Skoda Octavia, но со таа разлика што Polestar 2 ќе вози исклучиво на батерија. Со едно полнење ќе се минуваат до 600 километри. Вообичаено за оваа категорија на електрични возила: Перформансите ќе бидат споредливи со спортски автомобил. Ценовникот ќе стартува од 45.000 евра.

Renault Zoe
New photo by Automedia MK / Google Photos

Втората генерација на европскиот електро-бестселер Renault Zoe ќе понуди попросторна кабина и повеќе комфор. Досегот останува на 400 километри, колку што нуди и актуелниот Zoe во моделто со повисока спецификација. Со договор за наем на батеријата, францускиот електромобил стартува од 22.000 евра.

Audi e-tron Sportback
New photo by Automedia MK / Google Photos

Познатиот Audi e-tron ќе добие верзија со спуштен покрив во стилот на Audi A7. Електро-кросоверот со 408 електрични КС ќе почне да зуи наесен. Погон на сите тркала е стандард, ценовникот за Audi e-tron sportback почнува од околу 80.000 евра.

Volkswagen T-Cross

Volkswagen T-Cross premiera

Секако дека и во 2019 ќе има бројни новитети во СУВ-сегментот. Volkswagen T-Cross се базира врз техниката од Polo, но патниците седат околу десет сантиметри повисоко. Моторите имаат три или четири цилинидри, моќноста досега до 115 КС. Погон на сите тркала не се нуди, но затоа има дигитални инструменти и големи дисплеи во кокпитот. Тоа е начинот на којшто VW сака да го преземе водството кај малечките СУВ-модели. Испораките започнуваат во март.

Skoda Kibuq (Kosmiq)
New photo by Automedia MK / Google Photos

Skoda ја проширува основата на својата понуда од СУВ-модели и налето ќе го пушти во продажба Kibuq (или Kosmiq, уште се шпекулира за името), како сериска реализација на студијата Vision X. Техниката е иста со VW T-Cross и Seat Arona, а должината на каросеријата изнесува околу 4,30 метри. Покрај познатите три и четирицилиндарци, ќе има и нов мотор со погон на метан. Цените ќе почнуваат од 16.000 евра.

Renault Captur
New photo by Automedia MK / Google Photos

Актуелниот модел е број 1 меѓу малечките СУВ-модели во Европа. Годинава пристига втората генерација на Renault Captur, којашто е околу 20 сантиметри подолга од претходникот. Цените почнуваат од 16.000 евра. Техничката основа доаѓа од исто така новото Clio.

Audi A1 Allroad
New photo by Automedia MK / Google Photos

Audi моментно нема малечок СУВ, но и тоа ќе се смени. Малечкиот A1 Allroad ќе појде во потрага по купувачи, како верзија на A1 со зголемено растојание од подлогата и неколку каросериски додатоци во стил на теренец. Моторите се исти како кај обичниот А1, цените ќе бидат повисоки за околу илјада евра.

Тоа се главните моделски новитети на коишто ќе можеме да им се радуваме во 2019 година. И секако, тоа е само еден дел, веројатно само една петина од тоа што автомобилската индустрија го има на својата агенда за годинава. Следат уште бројни нови модели, моделски освежувања, трендови, афери, скандали, сплетки – никогаш не е здодевно на автомобилската сцена, и на автомобилската сцена не постојат само автомобили.  Затоа е тука вашата Аутомедиа, порталот за познавачите на автомобилизмот.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

154
33 shares, 154 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3813