за

Теренците поспортски од спортските автомобили во Женева

lambo urus теренски автомобили во женева

Новите спортски автомобили тежат осетно над два тони, повисоки се од повеќето останати автомобили по улиците и имаат багажници во коишто собира малечок автомобил. Теренците денес возат побрзо од класичните спортски купеа и родстери. Но, времињата се добри и за класичните претставници на поимот спортски автомобил.

Кој ќе погоди? Што е брзо 305 километри на час и забрзува до сто за 3,6 секунди? Нема двоумење, тоа е спортски автомобил. Апсолутно неточно. Овие перформанси му припаѓаат на Lamborghini Urus, тешкото парче автомобил од 2,2 тони што Италијанците го донесоа салонот во Женева. Но, традиционалната спортска марка од Сант Агата не е единствената со ваков супертеренец на салонот.

Lamborghini Urus

lambo urus str

Mercedes го претстави AMG G 63. Спортската верзија на неодамна освежениот теренски класичар тежи 2,5 тони, но со своите 585 КС забрзува до сто за 4,5 секунди и по желба на сопственикот може да вози до 240 километри на час. Кај Bentley исто така има нов мотор V8 со 550 КС за луксузниот теренец Bentayga. Има и верзија со хибриден погон, тој стана првиот луксузен теренец со погон со две срца.

Mercedes-AMG G 63

mercedes-amg g 63

Bentley Bentayga Hybrid

Bentley Bentayga

Трендот за вградување големи и моќни мотори во автомобили што се чиста спротивност на класичниот поим за спортски автомобил не е нов, но достигнува нов врв на салонот покрај Лак Леман годинава. Како што браншата нуди сé повеќе електрични автомобили и зборува за автопилоти и услуги за мобилност, така моќните и тешки теренци стануваат уште посилни и подебели.

Mercedes-AMG GT 4 со соборлива задна клупа и крајна брзина од 315 km/h

Ново значење на поимот спортски автомобил му даваат и тркачките машини маскирани во семејни автомобили со четири врати и багажник, од типот на Mercedes-AMG GT 4. Ова е буквално тркачки автомобил за до пазар или за излет во природа. Во најсилната верзија, купе-лимузината на база на класичниот AMG GT може да постигне 315 километри на час.

Mercedes-AMG GT 63 S

Mercedes-AMG GT 4

Класичните спортски креации сепак не губат од шармот. Aston Martin наскоро ќе стартува со испорака на новиот кабриолет DB11 Volante, со 510 КС и крајна брзина од преку 300 km/h, но и со цена од околу 200.000 евра.

Aston Martin DB11 Volante

Aston Martin Volante

Новиот модел на Jaguar забрзува солидно со 4,8 секунди до сто, но заостанува со крајната брзина од само 200 km/h. Причината за овој „заостаток“ е во двата електромотора со заедничка моќност од 400 КС. Точно така, I-Pace вози на струја и тоа до 480 километри со едно полнење. Испораката стартува наскоро, цените почнуваат од 70.000 евра.

Jaguar I-Pace

Jaguar I-PACE

Porsche Mission E Cross Turismo

Porsche Mission E Cross Turismo n

Електричниот погон ги маѓепсува и инженерите во спортската марка Porsche. Нивниот концептен автомобил Mission E Cross Turismo не мириса на бензин и нема издувни цевки, но затоа спринтува до сто за 3,5 секунди, односно до двесте за 12 секунди. Тоа е заслуга на двата електромотора со вкупно 600 КС. Во Цуфенхаузен очигледно работат на дополнителни моделски верзии на електричниот Mission E кој стартува со продажба наскоро.

Спортските автомобили во дигиталната ера немаат дебели издувни цевки, не брмчат, не пукаат при одземање гас, не чкрипат со гумите

Традиционалистите можат да здивнат. Дигиталната ера не ги уништи класичните тркачи што согоруваат бензин, туку ги направи уште подобри. Тоа го докажува класичарот Porsche 911 GT3 RS. Со атмосферскиот боксер со 520 КС тој може да вози до 312 km/h, по цена од 195.000 евра. Lamborghini се приклучува со варијанта на Huracan Performante Spyder, којашто е олеснета за 35 килограми и со своите 640 КС од моторот V10 постигнува 325 km/h.

Porsche 911 GT3 RS

Porsche 911 GT3 RS

Lamborghini Huracan Performante Spyder

Lamborghini Huracán Spyder n

Ferrari оди уште погоре и со 488 Pista нуди тркачка машина со 720 КС од најсилниот V8 во историјата на марката. Со турбонатполнење, Pista спринтува до сто за 2,85 секунди и до двесте за 7,6 секунди. Забрзувањето престанува дури на 340 km/h.

Ferrari 488 Pista

Ferrari 488 Pista n

Во жаргонот на тв-дуќаните, „тоа не е сé“. McLaren Senna е суперавтомобил именуван по најголемиот возач во формула 1, Аиртон Сена, кој трите титули ги освои во болид на McLaren. За цена од 922.250 евра се добива екстремна возачка машина со битурбо V8 со 800 КС. Во овој стадиум, забрзувањето повеќе одговара да се мери до 200 километри на час. Тоа му успева на Senna за 6,8 секунди. Стотката паѓа по само 2,8 секунди. Целата серија од 500 примероци е веќе распродадена.

McLaren Senna

McLaren Senna zeneva

Нарачки уште прима Bugatti. Тие направија „спортска“ верзија од автомобилот кој и без тоа нема со кого да се мери. Новата верзија на Bugatti Chiron е полесна за 18 килограми и оптимирана е во поглед на управливоста и возните својства. Во автомобилот меѓу другото се наоѓаат и првите бришачи од карбон. Крајна брзина од 420 km/h и моќност од 1.500 КС, според Bugatti чинат најмалку три милиони евра.

Брзо се вози во денешниов свет, со вредности над 400 km/h и забрзување како во формула 1. Но, дали автомобилските марки навистина продаваат брзина или само престиж? Ferrari продава најмногу возила во САД, кадешто патиштата се прави со стотици километри и брзините се строго ограничени. Автомобилскиот свет живее во соништа. Едни сонуваат за спортски автомобил, тие што го поседуваат сонуваат да го возат како спортски автомобил. Во Женева има многу за сонување.

[tie_index]Женева[/tie_index]

Уште неколку спортски автомобили во Женева (и не толку „спортски“)

Zenvo TSR-S

Zenvo TSR-S n

Techrules Ren RS

Techrules Ren RS n

Alfa Romeo Stelvio QV Nurburgring Edition (Nring)

Stelvio Quadrifoglio Nürburgring Edition

Rimac C-Two

Rimac C_Two

Range Rover SV Coupe

Range Rover SVR Coupe n

Pininfarina H2 Speed

Pininfarina H2 Speed

Italdesign Zerouno Duerta

Italdesign - Zerouno Duerta

Fenyr Motorsport

FENYR SUPERSPORT

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

електрични автомобили smart forfour ed

Продажбата на електрични автомобили надмина милион примероци

Volvo P 1800 S

Овој Volvo P 1800 бил во лична сопственост на Роџер Мур