152
26 shares, 152 points

Во новите автомобили има сé повеќе електроника, а тоа значи и повеќе благородни метали. Шведска студија открива дека на европските отпади секоја година се уништуваат дваесетина тони злато, заедно со старите автомобили. Тешко е да се искористат овие вредни материјали

Материјалите како литиум или кобалт се злато на 21-от век. Електричните автомобили зависат од овие суровини. Додека големите производители на автомобили со погон на струја во меѓувреме успеаја драстично да ја смалат содржината на кобалт во своите возила, литиумот и натаму се цени како „бело злато“. Тој уште многу години ќе се користи во батериите. Неколку моќни (и визионерски) конзорциуми веќе имаат обезбедено пристап до овој материјал, чијашто вредност во иднина ќе расте се повеќе. Во Јужна Америка, на пример, во ископот на литиум се вложуваат милијарди евра.

Правилото гласи: Колку повеќе електроника, толку повеќе скапи и ретки материјали

Покрај егзотичните суровини и ретките метали, во производството на автомобили се користат и познатите благородни метали. Електронските компоненти обично содржат сребро и злато, додека во возилата со погон на водород се користи платина.

Проблемот е во тоа што овие скапи и ретки материјали не се враќаат во производствениот синџир. Тоа го открива студијата на Универзитетот за технологија во Гетеборг, Шведска. Експертите ценат дека отпадите се еден вид „урбани рудници“, кои се екскплоатираат недоволно. Само во ЕУ, во пресите секоја година завршуваат околу 20 тони злато, коешто останува неискористено. Швеѓаните сметаат дека во сите возила во Европа, во моментов се наоѓаат околу 400 тони злато. Како што во иднина ќе се зголемува бројот на електронски компоненти, соодветно ќе се зголемува и оваа скапоцена маса метал.

Неисплатливо е да се применува скапа процедура за само неколку грами благороден метал по автомобил

Причината поради којашто вредните материјали буквално се исфрлуваат во отпад е комплицираната процедура за рециклирање. Еден автомобил содржи само неколку грами благородни метали и неисплатливо е да се применува скапата и долготрајна процедура. Покрај тоа, не постојат закони или субвенции, кои би се однесувале на рециклирањето на златото од автомобилите.

Од Универзитетот заклучуваат дека „луѓето очигледно не се свесни за економската вредност.“ Ние само ќе додадеме: Европо, ги немате вистинските луѓе за тоа.

Стари автомобили полни со електро отпад од ЕУ за Нигерија

Научници произведуваат горива од отпадни води

Audi поставува пластични острови во Ротердам

Стадионот на Ајакс се напојува од стари батерии од Nissan Leaf

Боливиски литиум во батерии за електрични автомобили

Боливиските резерви од литиум ќе станат новото „црно злато“


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

152
26 shares, 152 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format